12 знаци дека сте вистински вљубеници во книгите и сè што е поврзано со нив

Сите сакаме различни работи и имаме различни начини на минување на слободното време. Некој е зависен од најновите филмови, некој пак ужива читајќи. Вљубениците во книгите се борат да го вметнат трендот на читање во брзото темпо на живот и да ја поттикнат свеста за значењето на оваа добра навика. Ова се 12 знаци дека сте луди по книги, и сè што е поврзано со нив. Да, тука се вбројуваат и вашите гласни извици и реакции на она што го читате па затоа сте како чудаци кога читате на плажа.

12 знаци дека сте вистински вљубеници во книгите и сè што е поврзано со нив

1. Долго време одбирате книга

Кога ќе влезете во книжара се заборавате. Срцето почнува забрзано да ви чука поради целиот избор што го имате пред себе. Обожавате да ги префаќате книгите, да ги чувствувате нивните корици, префинето да ги одбирате однесувајќи се како врвни дегустатори на вино. Откако ќе ја одберете книгата што ќе ја купите, ја кревате главата и одеднаш се враќате во овој свет. Потоа забележувате блага насмевка на лицето на продавачката на книги, која би можела да се протолкува: „Страстен вљубеник во книгите, исто како и јас“, или насмевка на олеснување: „Конечно, конечно одбра и ќе си замине.“

12 знаци дека сте вистински вљубеници во книгите и сè што е поврзано со нив

2. Верувате дека книгата е секогаш најдобриот подарок

Верувате дека има голема вистина во изреката „Кога човек ти подарува книга, тој бара да му погледнеш во срцето“. Затоа уште повнимателно ги одбирате книгите што ќе ги подарите некому. Го сметате тоа како вистински подарок за секого. Ако не чита книги може секогаш да почне. Дури сте горди со вашата способност да одберете соодветна книга за секого.

3. Продавачите на книги и библиотекарите во вашиот град или населба ве знаат по име

Кога влегувате во најблиската книжара со продавачката немате формално добар ден, туку повеќе пријателско како си и што има ново.

12 знаци дека сте вистински вљубеници во книгите и сè што е поврзано со нив

4. Луѓето ви се обраќаат за совет за што да читаат

Знаете да навлезете во прилично длабоки разговори за книгите, уште ако ви се погоди и друштвото, вие сте на седмо небо. Душата ви се полни кога некој ќе ве праша за предлог книга. Горди сте на отсечната и како од пушка оценка за најновите наслови.

5. Во домот имате мала библиотека

Која буквално функционира како библиотека само не им наплаќате за членство на вашите пријатели или членови на семејството. Но затоа секогаш знаете која книга кај кого е, кога ја зел и кога ја вратил и дали била оштетена. Сè е запишано и нема шанси да ви избега од вид.

12 знаци дека сте вистински вљубеници во книгите и сè што е поврзано со нив

6. Прекрасно се чувствувате кога ќе влезете во библиотека/книжарница или читална

Буквално чувствувате дека сте меѓу луѓе од ваш вид и веднаш, без разлика каков ви бил денот, вашето расположение се подобрува. Иако по природа можеби сте интроверти, секогаш знаете да си направите добар и слободен муабет со оној кој ви ги препорачува книгите и да споделите искуства.

12 знаци дека сте вистински вљубеници во книгите и сè што е поврзано со нив

7. Кога ќе посетите нов град, прво нешто што забележувате се книжарниците

Или тезгите со стари книги, можеби и градската библиотека пред која ќе се сликате. Знаете да купите по некоја книга како сувенир.

8. Се револтирате од лажното познавање на книгите од страна на некои личности

Книжевноста е вашето второ јас и ужасно ве револтира кога гледате постови на социјалните мрежи како слики со книги или коментари за книги од личности за кои знаете дека не ја сакаат книгата туку го прават она што е во „тренд“.

9. Сонувате да отворите ваша библиотека или кафе-книжарница

Тоа би ви било како прибежиште од сите лудории на светот околу вас, од гласните луѓе и метежот. Тоа би било остварување на вашиот сон. Може да имате и друга работа, но тука ќе доаѓате во слободно време и ќе бидете сопственик на мало богатство. Ах, соништа.

12 знаци дека сте вистински вљубеници во книгите и сè што е поврзано со нив

10. Не можете да ги „сварите“ сите писатели, но ги почитувате

Можеби не можете да го „сварите“ Хемингвеј, но го почитувате како писател. Како што растете сфаќате дека кога станува збор за книгите и стиловите, во прашање се вкусови, па затоа не практикувате остро да го негирате она што не ви е по ќеф.

12 знаци дека сте вистински вљубеници во книгите и сè што е поврзано со нив

11. Зачленети сте макар на една веб-страница од каде може да порачувате книги

И не си го знаете пасвордот бидејќи никогаш не се одјавувате па навистина нема потреба да го пишувате.

12. Многупати ви се случило да заспиете над книга

Кога ќе си речете уште една страница, па уште една, само уште една. Се будите по некој час со лузна од очилата притиснати за вашиот образ.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар