12-те видови светлински работници: Во која група спаѓате вие?

12-те видови светлински работници: Во која група спаѓате вие?

Служењето на човештвото не мора да се одвива на сцена и не мора да бидете духовен учител за да имате позитивен ефект на другите. Без разлика каде сте и што работите, вие можете да чекорите по вашиот пат на светлински работник.

Yoga meditation in temple

Луѓето ја забележуваат вашата љубов и поддршка, примерот кој им го поставувате на другите и позитивноста која ви доаѓа природно. Доволно е да бидете искрени со себе, и тоа ќе инспирира позитивни промени кај другите. Постојат 12 видови светлински работници и секој од нив ја има истата цел – да му служи на човештвото. Во ова служење спаѓа лечење на човештвото, негова инспирација или водење на луѓето кон позитивни промени.

Кога сакате да го откриете вашиот пат на светлински работник, важно е да го слушате внатрешниот водич. Интуицијата ќе ве води кон откривање на вашите уникатни способности.

1. Работници во мрежата и чувари на портата

Овие светлински работници создаваат човечка мрежа која ги поврзува сите „разбудени“ луѓе. Чуварите на портата ѝ овозможуваат на енергијата од повисоко ниво да потече во овој свет.

2. Свети чувари на светлината

Овие луѓе се како светилник на човештвото. Во хаотични и стресни моменти, тие се оние кои му даваат надеж на човештвото. Повеќето од нив се комичари, држат мотивациони говори, тие се и духовни учители, славни личности, а понекогаш и обични луѓе со кои секогаш ви е удобно да разговарате.

3. Променувачи

Промнувачите ја неутрализираат негативната енергија. Тие работат користејќи ја колективната свест на човештвото.

4. Лекувачи

Лекувачите помагаат во речиси сè: човештвото, земјата, животните, душите и сите суштества на кои им е потребно физичко, ментално, емоционално или духовно лекување. Повеќето емпати се лекувачи, иако тие не се свесни за тоа. Нивната чувствителност е всушност нивната најдобра особина. Доколку спаѓате овде, важно е да знаете дека секогаш треба прво самите да се излечите.

5. Гледачи

Овие луѓе го имаат отворено своето трето око, или пак имаат други психолошки способности кои им дозволуваат да гледаат над физичкиот свет. Во овие способности спаѓаат „гледање“, или пак инспирирање и водење на другите да си ја пронајдат својата вистина во животот. Повеќето од овие луѓе се многу добри психијатари кои понекогаш се обележани и како парапсихолози (на пример Карл Јунг).

6. Чувари на светиот план

Секој си има свој „свет план“ кој ја претставува неговата „разбудена“ состојба. Овие луѓе најдобро го разбираат ова и ја користат светата геометрија и светите форми на комуникација во нивната работа. Тие може да се најдат во која било област и секогаш создаваат значајни работи.

7. Сонувачи

Сонувачите ја имаат способноста да владеат со своите соништа. Многу често овие луѓе се познати како психонаути. Тие користат разни суплементи за да за да искусат психоделични епизоди. Ако не постоеле сонувачите, голем дел од уметничките дела, технологијата и разни пронајдоци немало да бидат создадени.

8. Курири

Куририте го прават токму тоа што нивното име го кажува – ги пренесуваат пораките и водичите кои ги добиваат од универзумот. Тие ги споделуваат своите знаења преку видеа, пишувања или учења. Без разлика која медиумска платформа ја користат, куририте му помагаат на човештвото да се разбуди и им помагаат на луѓето да ја сфатат ситуацијата во која се наоѓаат.

9. Манифестатори

Овие луѓе се обидуваат да манифестираат позитивни промени во светот. Го прават ова со помош на медитација, визуализација и себе-истражување. Секогаш внимаваат нивните манифестации да не произлегуваат од нивното его туку од нивното срце.

10. Водичи кон растење

Овие водичи ни покажуваат и ни помагаат да научиме како да растеме и да созреваме. Повеќето од нивните учења се духовни и тие помагаат во надминување на тешкотиите кои настануваат во текот на животот.

11. Покажувачи на патот

Овие луѓе го живеат животот во целост. Многу често не се ни свесни за помошта која ја нудат на човештвото. Тие живеат според нивната вистина и се водат по нивната инспирација. Тие претставуваат пример за среќен и исполнет живот.

12. Обединувачи

Обединувачите може да видат како се поврзуваат сите работи меѓу себе. Тие секогаш наоѓаат некаква шема и можат да спојат неколку филозофии во една. Тие го користат знаењето и учењето на другите светлински работници и ни го пренесуваат на начин на кој можеме да го разбереме. Во секоја ситуација гледаат над одбирањето страни, и ја гледаат ситуацијата како едно цело. Тие имаат моќ да ги обединат сите светлински работници, па нивниот удел во будење на човештвото е навистина голем.

Иако можеби сте се пронашле само во еден од 12-те видови, многу е веројатно да имате карактеристики од сите. Секој од нас е различен и секој од нас си има различна цел во животот. Секој ги има особините кои му се потребни да ја оствари својата цел и да ја пронајде својата вистина.

Погледнете и која е важноста на духовноста во животот на човекот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар