12-те најчудни диети кои луѓето навистина ги следат

12-те најчудни диети кои луѓето навистина ги следат

Датум: 26 мар 2018
Коментари: исклучени

Едно истражување покажало дека само во САД годишно се трошат околу 37 милијарди евра на продукти за слабеење. Друго истражување спроведено во 2016-та година во Велика Британија покажало дека речиси половина од испитаниците држеле диета претходната година. Диетите се опкружени со многу митови, претпоставки, но и луди идеи. Па, погледнете некои од најлудите идеи кога станува збор за држење диета.

1. Диета „Заспана убавица“

12-те најчудни диети кои луѓето навистина ги следат

Оваа диета е направена според идејата дека кога некоја личност спие, не јаде. Луѓето кои ја следат оваа диета користат седативи за спиење во текот на денот за да избегнат консумирање храна. Елвис Присли ја пробал оваа идеја – во период од 7 дена бил во медицински предизвикана кома со цел да изгуби тежина. Опасностите од оваа диета вклучуваат зависност од лекови и зголемен ризик од болести на срцето и дијабетес.

2. Диета со цигари

12-те најчудни диети кои луѓето навистина ги следат

Оваа диета е резултат на рекламната кампања на цигарите Lucky Strike од 1920-тите, чиј слоган бил „Посегни по Лаки наместо по слатки“. Никотинот во цигарите навистина го намалува апетитот, но се покажало дека пушењето го зголемува ризикот од дијабетес, инфаркт и рак на белите дробови.

3. Диета „Алелуја“

12-те најчудни диети кои луѓето навистина ги следат

Луѓето кои ја држат оваа диета јадат само сирова храна и зеленчуци кои се спомнати во Библијата со цел да го исчистат телото од токсини. Диетата можеби има некои предности, но е премногу екстремна, небалансирана и забранува јадење продукти од животинско потекло и преработена храна.

4. Диета со тенија

12-те најчудни диети кои луѓето навистина ги следат

Оваа одвратна диета се појавила во Викторијанската ера. Во 20-тиот век, се рашириле гласини дека познатата оперска пејачка Марија Калас голтнала тенија за да изгуби тежина. Сепак ова можеби е и само легенда. Луѓето кои се обидуваат да ослабат на овој начин проголтуваат пилула која има јајца од тенија. Со слабеењето ќе добиете и дијареја, вртоглавица и треска.

5. Диета со памучни топчиња

12-те најчудни диети кои луѓето навистина ги следат

Во 2013-та година на Јутјуб почнаа да се појавуваат снимки од луѓе кои голтаат памучни топчиња потопени во сок. Замислата овде е дека памукот ќе ви даде чувство на ситост, па можете да го јадете него наместо оброк. Но, памучните топчиња не се направени од памук, содржат многу хемикалии и лесно го надразнуваат дигестивниот систем.

6. Диета со оцет

12-те најчудни диети кои луѓето навистина ги следат

Познатите луѓе од 19-тиот век биле навистина опседнати со диети. Поетот Џорџ Гордон Бирон од овој период почнал да држи диета додека бил на факултет и јадел бисквити и компири со оцет. Неговата диета не се променила многу со текот на времето, а денес во неа се вклучени парче леб за појадок и лесна салата за вечера. Поетот јадел и неколку лажици оцет за да го намали апетитот пред секој оброк. Сепак, имајте на ум дека оцетот може да биде штетен за забите, грлото и дигестивниот систем.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини