12 спортови кои се премногу луди за да бидат вистинити

Дали ви здодеа од постојаните исти спортови и барате нешто необично? За среќа, во светот постојат многу чудни спортски настани кои се или рекреација или хибрид на веќе популарните игри. Па, погледнете ја оваа листа од 12 бизарни спортски настани кои можеби ќе сакате и да ги пробате.

1. Тркалање сирење

12 спортови кои се премногу луди за да бидат вистинити

Секоја година во Англија се пушта тркало сирење по еден рид, а натпреварувачите го бркаат. Сирењето може да достигне брзина и до 112 километри на час, па не е толку едноставно да се фати. Личноста која прва ќе го помине финишот го добива сирењето.

2. Боксување со шах

12 спортови кои се премногу луди за да бидат вистинити

Боксувањето со шах било смислено од холандскиот уметник Рубинх и првично било замислено како уметнички перформанс наместо спорт. Денес оваа игра се состои од 11 рунди – 6 рунди шах и 5 рунди боксување. Победникот може да победи со нокаут во рингот или шах-мат на шаховската табла.

3. Шармирање црви

12 спортови кои се премногу луди за да бидат вистинити

Ова е спорт во кој на натпреварувачите им се дава простор од 3 метри квадратни и нивната цел е да извадат што е можно повеќе црви од земјата за 30 минути. Светскиот рекорд го држи 10-годишната Софи Смит која „шармирала“ 567 црви на Светското првенство во 2009-та година.

4. Фудбал во меур

12 спортови кои се премногу луди за да бидат вистинити

Фудбалот во меур може да биде забавен како за играчите, така и за гледачите. Играчите се затворени во меури кои ги покриваат нивните глави и горниот дел од телото. Играта била измислена во Норвешка во 2011-та година. Мечот се игра со 2 тима и секој тим има не повеќе од 5 играчи. Според правилата, секој тим мора да има барем едно женско на терен.

5. Носење сопруги

12 спортови кои се премногу луди за да бидат вистинити

Овој спорт потекнува од мал град во Финска. Мажите натпреварувачи се тркаат додека ги носат нивните сопруги на грб на терен со пречки. Историјата на овој спорт почнува од 19-тиот век со легендата за крадецот Ронкаинен. Според една од верзиите, тој и членовите на неговата банда краделе храна и жени од соседните села и ги носеле на нивните рамена додека бегале.

6. Нуркање во мочуриште

12 спортови кои се премногу луди за да бидат вистинити

Секоја година во август, стотици пливачи од целиот свет се собираат во мал град во Велс. Овде се одржува Светското првенство за нуркање во мочуриште. Натпреварувачите носат маска и цевка за нуркање и влечки и треба да поминат 54 метри од мочуриштето без пливање.

Продолжува на следната страница

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар