11-те најскапи предмети кои биле украдени

Иако многу од овие предмети се навистина големи и вредат милиони евра, овие посветени криминалци сепак успеале да ги украдат. Ова се најскапите предмети и уметнички дела кои биле украдени…

1. Мона Лиза

11-те најскапи предмети кои биле украдени

Сигурно сте слушнале за најпознатата слика на светот. Криминалецот Винчензо Перуџија работел во Лувр каде што е изложена сликата. Во 1911-та година тој се сокрил во еден орман до затворањето на музејот и вечерта избегал со сликата и со уште двајца мајстори. Сликата била пронајдена во 1913-та година кога Винчензо сакал да ја продаде во Италија. Ова е најскапиот предмет кој бил украден и вреди најмалку 2 милијарди евра.

2. Емпаер Стејт Билдинг

11-те најскапи предмети кои биле украдени

Не, зградата не била крената и украдена, туку нејзиното земјиште. Во декември 2008-ма година New York Daily News украле 1,80 милијарди евра со лажни документи за префрлање на сопственост на земјиштето. Новинарите го направиле ова со цел да докажат дека имало дупка во законот за трансакции. Весникот ја вратил зградата на сопственикот, а законите потоа биле зајакнати.

3. Давидоф-Морини Страдивариус

11-те најскапи предмети кои биле украдени

Страдивариус е виолина која вреди 3,4 милион евра и била украдена од познатиот виолинист Ерика Морини. Виолината е направена во 1727-ма година од Антонио Страдивари и била украдена од станот на Морини во Њујорк. Во тој период Морини имал 91 година и починал брзо по кражбата. Виолината сè уште не е пронајдена и се наоѓа на листата на ФБИ за топ 10 уметнички кражби.

4. Црвените чевли на Дороти

11-те најскапи предмети кои биле украдени

Познатите чевли на Дороти од „Волшебникот од Оз“ (The Wizard of Oz) биле украдени од музејот Џуди Гарлан во Минесота во 2005-та година. Чевлите вредат околу 2 милиони евра. Како и виолината, така и тие не се најдени, а еден анонимен донатор од Аризона понудил награда од речиси 1 милион евра за тој што ќе ги пронајде.

5. Крикот

11-те најскапи предмети кои биле украдени

Постојат 4 верзии на познатата слика на Едвард Мунч. Најпознатата, која вреди 97 милиони евра, е завршена во 1893-та и се наоѓа во Националната галерија во Осло, Норвешка. Во 1994-та и во 2004-та година сликата била украдена и се барал надомест од речиси 1 милион евра. Барањето на криминалците било одбиено, тие биле фатени, а сликата се вратила во музејот.

6. Коски од диносаурус

11-те најскапи предмети кои биле украдени

Крадците успеале да украдат и диносаурус. Ерик Прокопи ги украл скелетите на речиси 6 диносауруси од Монголија и ги шверцувал во САД. Коските вределе повеќе од 1 милион евра. Прокопи бил фатен од ФБИ и осуден на 3 месеци затвор. Коските биле вратени во Монголија.

Продолжува на следната страница

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар