11 работи кои морате да ѝ ги ветите на вашата најдобра другарка и да ги исполните

Често нема да се сложувам со тебе, но секогаш ќе го ценам твоето мислење. Ти ветувам дека нема да те игнорирам кога ќе најдам дечко во кој ќе се заљубам до уши. Вака отприлика би изгледал прирачникот за женските пријателства.

11-raboti-koi-morate-da-i-gi-vetite-na-vashata-najdobra-drugarka-i-da-gi-ispolnite-kafepauza.mk

1. Често нема да се сложувам со тебе, но секогаш ќе го ценам твоето мислење.

2. Секогаш кога ќе мислам дека правиш нешто погрешно, ќе ти кажам, но ќе те поддржам што и да одлучиш.

3. Ќе ти одржам лекција за секоја грешка, но и ќе ти помогнам да ја исправиш.

4. Ќе дојдам по тебе секогаш кога ќе бидеш во неволја, макар и тоа да е во најглувото доба од ноќта, на спротивниот крај на градот.

5. Ќе ти кажам искрено кога фустанот не ти стои добро, како ни новата боја на косата.

6. Ти ветувам дека секогаш ќе најдам време за нашата женска дружба, колку и да сум зафатена.

7. Ти ветувам дека нема да те игнорирам кога ќе најдам дечко во кој ќе се заљубам до уши.

8. Ќе го почитувам твоето момче, дури и кога ќе мислам дека не е баш вистински избор за тебе.

9. Ќе ти кажам во истата секунда ако го видам со друга.

10. Секогаш ќе бидам искрена за своите чувства кон тебе. Нема да се лутам и да не ти се јавувам, ако ми кажеш нешто искрено или непријатно, туку ќе зборуваме за тоа и ќе го решиме проблемот.

11. Никој друг освен мене нема да ги знае твоите тајни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар