11 неверојатни факти за животинскиот свет

11 неверојатни факти за животинскиот свет

Сигурно имате видено животни, птици и инсекти, но дали сте се запрашале како изгледа животот од нивна перспектива? Може да биде тешко да си замислиме, но интересно е бидејќи и тие се живи организми кои имаат дневна цел. На пример, за да наполнат една тегла мед, 22.700 пчели мораат да работат целиот живот. Прочитајте ги овие интересни факти за светот околу нас. Ќе ви покажат колку малку знаеме за него и колку често нè изненадува природата.

1. Пајаците прават марионети кои изгледаат исто како нив

11 неверојатни факти за животинскиот свет

Еден вид пајаци од Перу имаат навистина интересен живот. Бидејќи покрај ловењето важно е да останат и живи, тие научиле како да прават лажна верзија од себе. Ја усовршиле до тој степен што научниците не се сигурни дали станува збор за нов вид пајаци или за истите. Тие користат листови и суви инсекти за да направат копија и прават илузија на движење со пајажината исто како да употребуваат марионета. На овој начин го одвлекуваат вниманието на предаторите додека тие се скриени на безбедно.

2. „Паметни“ печурки се движат на нови места, прават планови и следат начин на исхрана

11 неверојатни факти за животинскиот свет

Експериментите направени на видот печурки Physarum polycephalum покажале дека тие имаат посебен вид интелигенција. Не само што можат да размислуваат, туку овие печурки можат и да планираат. Тие можат да го најдат најкраткиот пат во лавиринт ако има цел (храна), да ја запомнат траекторијата на нивното движење и да реагираат на повторливи дејства. Научниците ја споредувале интелигенцијата на печурките со „паметни“ инсекти, како мравки. Изненадувачки е што овој вид печурки немаат ни мозок, ни нервен систем, и се одличен пример за волја бидејќи не само што јадат, туку и ја одржуваат рамнотежата помеѓу јаглехидратите и протеините како да треба да останат во добра форма.

3. Птиците можат да се опијат

11 неверојатни факти за животинскиот свет

Истражувачите од Универзитетот во Орегон спровеле интересна студија и откриле дека алкохолот има влијание на способноста за пеење на птиците – тие испуштаат необични тонови, не го следат ритамот и не пеат добро како вообичаено. Всушност, живеалиштето на птиците кои учествувале во истражувањето нема алкохол, а ако има често е поради ферментирани бобинки. Сепак, пијаните птици ги губат и моторните способности и се обидуваат да одржат рамнотежа на земјата. Исто како и луѓето.

4. Најмалиот коњ не е поголем од обично куче

11 неверојатни факти за животинскиот свет

Ајнштајн, мало пони од Англија, е најмалиот коњ на светот. Роден е во 2010-та година и денес е здраво и добро. Научниците не можеле да го одредат победникот бидејќи има неколку мали коњи низ светот. Па, Ајнштајн победил не бидејќи тежи најмалку, туку бидејќи ги има правилните пропорции и нема недостатоци. Не е џуџест коњ, туку само е многу мал.

5. Кучињата можат да се вљубат

11 неверојатни факти за животинскиот свет

Научниците докажале дека вашето куче искрено ве љуби. Нема потреба да се сомневате. Кога кучињата комуницираат со луѓе или други кучиња, нивното тело произведува хормон окситоцин кој предизвикува чувство слично како кога се бакнуваме и прегрнуваме. Кучињата можат да се вљубат во нивните сопственици, или во друго куче. Исто како и луѓето, и нив им недостига саканата личност или куче и можат да се чувствуваат осамено.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар