10 загатки што ќе го збунат секого

Навистина е позабавно да ги решите овие загатки во голема група луѓе каде што ќе има повеќе мислења. Но немојте да се плашите од броевите во загатките. Во овој случај е многу поважно да разберите што се случува наместо да броите. Па, обидете се да дојдете до точниот одговор.

1. Покрај реката има двајца луѓе, а и двајцата сакаат да одат на другата страна. Бродот може да пренесува само по еден, но тие сепак поминуваат. Како?

10 загатки што ќе го збунат секого

  • Одговор

    Луѓето се наоѓале на различна страна од реката.

2. Кога денот после утре ќе стане вчера, тогаш денес ќе биде оддалечено од недела исто колку денес, кога денот пред вчера беше утре. Кој ден е?

10 загатки што ќе го збунат секого

  • Одговор

    Недела. Денот после утре станува вчера во среда. Денот пред вчера е утре – четврток. Среда и четврток се еднакво оддалечени од недела.

3. Никој нема одено по овој пат. За кој пат станува збор?

10 загатки што ќе го збунат секого

  • Одговор

    Млечниот пат.

4. Некој влегол во темна соба и турнал нешто. Имало скршено стакло и некој умрел. Што се случило?

10 загатки што ќе го збунат секого

  • Одговор

    Се скршил аквариум и умрела рибата.

5. Влегувате во соба и гледате кревет. На креветот има 2 кучиња, 4 мачки, жирафа, 5 крави и патка. Исто така има 3 кокошки што летаат над креветот. Колку нозе има на подот?

10 загатки што ќе го збунат секого

  • Одговор

    Бидејќи сите животни се на креветот и не е спомната друга покуќнина во собата, има 6 нозе на подот. 4 од креветот и вашите 2.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар