10 забавни ментални вежби кои ќе ве направат попаметни

10 забавни ментални вежби кои ќе ве направат попаметни

„Невробик“ е термин што се користи за опис на група ментални вежби, кои на мозокот му овозможуваат една посебна „гимнастика“. Тука се вклучени сите наши сетила: Вид, слух, допир, вкус и мирис. Редовното вежбање го поттикнува растот на нови невронски врски во различни делови од мозокот, ги зајакнува нервните станици и го поттикнува производството на мозочните хранливи состојки кои го подобруваат паметењето.

(1) 10 забавни ментални вежби кои ќе ве направат попаметни

Ви ги препорачуваме овие едноставни, но многу корисни вежби. На тој начин, секој ден можете да го вежбате својот мозок, што ќе ја подобри вашата физичка и емоционална состојба.

1. Четкајте ги забите со недоминантната рака

Научните истражувања покажуваат дека користењето на хемисферата од нашиот мозок којашто не е доминантна (што всушност се поттикнува со оваа вежба), резултира со брзо и значително проширување на кортикалната површина.

Како да го сторите тоа:

Едноставно четкајте ги забите со раката којашто не ви е доминантна (ако сте деснак користете ја левата рака и обратно). Исто така, не заборавајте со истата рака да ја отворате пастата и да ставата од неа на четката.

2. Туширајте се со затворени очи

Допирот активира различни делови од нашиот мозок. Додека очите ви се затворени, под рацете можете да ја почувствувате текстурата на кожата, којашто не можете да ја видите. Тоа е така благодарение на нервните завршетоци во вашите дланки и прсти, коишто испраќаат знаци во мозокот кога доаѓаат во допир со кожата.

Како да го сторите тоа:

Обидете се да ги користите само своите чувства за допир (притоа внимавајте да ги отстраните сите опасности во околината, кои можат да ви нанесат повреда). Внимателно со затворени очи наместете ја саканата топлина на водата и потоа уживајте под млазовите вода.

3. Внесете свежина во утринските ритуали

Истражувањата на мозокот покажуваат дека со промена на секојдневната рутина, се зголемува дебелината на кортексот и се подобрува активноста на мозокот.

Како да го сторите тоа:

По појадокот облечете се, изберете ново место за прошетка на вашето куче, сменете ги вашите омилени ТВ канали или радио станици.

(2) 10 забавни ментални вежби кои ќе ве направат попаметни

4. Свртете ги наопаку познатите предмети (навистина, сторете го тоа!)

Кога ги гледаме работите околу нас, кои се наоѓаат во нивната правилна положба, нашата лева вербална хемисфера лесно преминува преку тие предмети и брзо го префрла вниманието на други нешта. Со превртување на веќе познатите работи наопаку, ја фрлате во работа десната половина од мозокот, а истовремено, се посветува поголемо внимание на работите коишто ги гледате, нивните форми и бои.

Како да го сторите тоа:

Свртете ги наопаку семејните фотографии, ѕидниот часовник или календарот.

5. Сменете го местото на масата

Во повеќето семејства, секој член си има свое место на масата, но понекогаш треба да го изненадите мозокот со ново искуство, со цел да се влијае врз неговиот развој.

Како да го сторите тоа:

Седнете на друго место за да ја смените положбата и погледот на собата, како и на луѓето околу вас. Ќе забележите дека со тоа се сменил дури и начинот на кој ги земате солта и биберот.

6. Вдишувајте нови мириси

Веројатно не можете да се сетите кога и како сте го поврзале мирисот на кафето со почетокот на новиот ден. Но, поврзувањето на необични мириси и вкусови, на пример, ванила, цимет и пеперминт, со која било активност, ќе му помогне на вашиот мозок да изгради нови невронски патишта.

Како да го сторите тоа:

Една седмица оставајте го вашиот омилен мирис во близина на креветот на кој спиете. Вдишете го штом се разбудите, откако ќе се искапете и пресоблечете.

7. Отворете го прозорецот во автомобилот

Хипокампусот е дел од мозокот кој е одговорен за паметењето. Вашите сеќавања ќе бидат поживописни доколку се вклучат мириси, звуци и делови од пејзажите.

Како да го сторите тоа:

Обидете се да препознаете нови мириси и звуци на вообичаената рута по којашто возите. Едноставното отворање на прозорецот од автомобилот ќе ви помогне поубаво да ги апсорбирате сите нешта од надвор.

(3) 10 забавни ментални вежби кои ќе ве направат попаметни

8. Проучете ги производите во маркетите

Во сите супермаркети, најпрофитабилните производи се секогаш сместени во висина на вашите очи. Затоа, кога купувате обидете се да го проширите вашиот поглед по полиците.

Како да го сторите тоа:

Застанете меѓу два реда полици и детално погледнете од врвот до дното. Доколку забележите нешто што не сте го виделе порано, земете го тој производ, прочитајте што пишува на амбалажата, проучете ги состојките и размислете малку за неговата употреба. Не морате да го купите тој производ, едноставно, главната задача сте ја завршиле. Сте ја надминале секојдневната рутина и сте се стекнале со ново искуство.

9. Комуницирајте повеќе во текот на денот

Научните истражувања во повеќе наврати докажуваат дека недостатокот на комуникација сериозно влијае врз целокупната когнитивна способност.

Како да го сторите тоа:

Наместо на банкомат, вадете пари на шалтер во банка. Наместо да пазарувате во големите маркети, посетете го локалното пазарче…

10. Сменете го начинот на читање

Додека читаме или ги слушаме другите луѓе како читаат, ние активираме различни делови од мозокот. Читањето на глас или читањето во себе различно влијаат врз работата на нашиот мозок.

Како да го сторите тоа:

Читајте му на глас на вашиот партнер, а потоа сменете ги улогите на читател и на слушател. Можеби ќе ви треба повеќе време да ја прочитате книгата, но на тој начин и ќе си посветите повеќе време заедно, а и позабавно е да се чита на глас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар