10 „луди“ научници кои станале дел од историјата, но не на начинот на кој би сакале

Обично научниците се прибрани луѓе кои си ја работат својата работа. Сигурно веќе ви се познати стереотипите за нив. Носат бели мантили, пишуваат комплицирани формули на табли, а нивниот мозок напорно работи под нивните бушави коси. Се разбира неретко овие луѓе навистина го променуваат светот. Сепак, не сите научници може да се сместат во овој опис. Некои од нив имале навистина луди идеи кои историјата ги запомнила, но не начинот на кој тие би сакале. Погледнете 10 научници кои ја промениле науката иако биле чудни.

1. Хенинг Бренд

(1)10-vistinski-ludi-nauchnici-kafepauza.mk

Денес хемијата е тешка наука која е базирана на факти, но во минатото била исполнета со многу ненаучни методи. Пред создавањето на „правилната“ хемија, постоела алхемијата која била навистина позната. Според алхемијата, некои супстанци можеле да бидат претворени во злато. Во 1669 година, алхемичарот Хенинг Бренд се убедил дека можел да ја претвори урината во злато. Тој собрал 5.700 литри урина и почнал процес на вриење во неговиот подрум. Тој не ја открил тајната за создавање злато, но зовриената урина почнала да свети во темница. Благодарение на него денес ја имаме супстанцата позната како фосфор.

2. Фриц Цвики

(2)10-vistinski-ludi-nauchnici-kafepauza.mk

Фриц бил човекот кој ја поставил сцената за темната материја. Тој бил роден во Бугарија и успеал да создаде многу непријатели помеѓу неговите американски колеги. Најпознат е по тоа што ги нарекувал астрономите од опсерваторија Маунт Вилсон „Сферни идиоти“. Како што објаснил тој, ова значело дека тие биле идиоти од која страна и да ги гледате. Еден негов колега, одбил да остане насамо со Фриц бидејќи го нарекувал нацист, а ова се разбира не било точно. Колегата дури се плашел и за својот живот. За среќа Фриц не убил никој и продолжил да истражува и да пишува книги сè до неговата смрт, на 76 години.

3. Вилијам Биб

(3)10-vistinski-ludi-nauchnici-kafepauza.mk

Вилијам бил подводен истражувач, лажго и навистина чуден човек. Вилијам добил лажно признание за создавање на батисферата, метална сфера од 2.300 килограми која можела да носи двајца луѓе. Сферата била смислена од Отис Бартон, но Вилијам бил поинтересен за јавноста, па заслугата му била препишана нему.

4. Џејмс Хатон

(4)10-vistinski-ludi-nauchnici-kafepauza.mk

Џејмс Хатон можеби не бил луд, но имал проблем со изразувањето. На некои им е познат како таткото на геологијата и тој бил првиот човек кој ги истражувал камењата со научни методи. За жал, поради неговото изразување луѓето не можеле да го разберат најдобро. Следниов извадок е од неговата книга „Теорија за Земјата со докази и илустрации“ (A Theory of the Earth with Proofs and Illustrations):

„Светот кој го населуваме е создаден од материјалите, не од земјата која била претходник на сегашната, туку од земјата која ја сметаме за трета и која ѝ претходела на земјата која била над површината на морето, додека нашата сегашна земја уште била под водата на океанот.“

Оваа реченица е една од појасните објаснување на Џејмс. Всушност, 5 години по неговата смрт, неговиот пријател морал одново да ги напише неговите книги за другите да можат да ги разберат.

5. Вилијам Бакленд

(5)10-vistinski-ludi-nauchnici-kafepauza.mk

Вилијам бил првиот трениран професор по геологија на Оксфорд и обожувал да јаде сè. Додека предавал на Оксфорд, тој ставил череп од хиена во скутот на еден студент и го прашал што владее со светот. Кога студентот не одговорил, Вилијам му кажал:

„Стомакот, господине! Стомакот владее со светот. Големите ги јадат помалите, помалите ги јадат уште помалите…“

Неговите гости секогаш биле послужувани со навистина чудни специјалитети – крцкави глувци во путер, сурла од слон, крокодил за појадок, јазик од коњ…

Продолжува на следната страница

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар