10 трикови од нашите баби и дедовци кои сè уште функционираат - Part 2

10 трикови од нашите баби и дедовци кои сè уште функционираат

6. Исчистете ги дамките од цвекло со лимон

(6)10-trikovi-od-nashite-babi-koi-se-ushe-funkcioniraat-kafepauza.mk

Обичниот сапун само ја зајакнува бојата. Затоа за да ги отстраните дамките од дланките користете сок од лимон. Или пак, истријте парче лимон на нив.

7. Варете ги јајцата во солена вода

(7)10-trikovi-od-nashite-babi-koi-se-ushe-funkcioniraat-kafepauza.mk

Солта можеби нема да го спречи пукањето на јајцата, но ќе го спречи истекувањето и ќе му го задржи вкусот.

8. Ножот за леб потопете го во врела вода

(8)10-trikovi-od-nashite-babi-koi-se-ushe-funkcioniraat-kafepauza.mk

За да го избегнете ронењето на свежиот леб кога го сечете, потопете го ножот во зовриена вода, а потоа избришете го.

9. Компир за убоди од инсекти

(9)10-trikovi-od-nashite-babi-koi-se-ushe-funkcioniraat-kafepauza.mk

Пресечете мал компир на половина. Ставете го внатрешниот дел на убодот и прицврстете го со нешто. Компирите го намалуваат чешањето и воспалението и ја навлажнуваат раната, а ова го забрзува лекувањето.

10. Одредете ја насоката со рачен часовник

(10)10-trikovi-od-nashite-babi-koi-se-ushe-funkcioniraat-kafepauza.mk

Завртете го часовникот така што стрелката која го покажува часот е свртена кон сонцето. Потоа поделете го на половина аголот помеѓу часот и бројот 1. Линијата која го разделува аголот е југ. До пладне, јужната страна ќе биде десно од сонцето, а после тоа на левата.

Погледнете ги и овие едноставни трикови и идеи кои ќе ви го направат животот полесен.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар