10-те најстари литературни дела во светот - Part 2

10-те најстари литературни дела во светот

6. Приказната за Синуе, Египет, околу 2000-та година п.н.е.

(6)10-te-najstari-literaturni-dela-koi-se-pronajdeni-kafepauza.mk

Оваа приказна е позната како најдоброто египетско литературно дело. Плашејќи се за својот живот поради закана, Синуе ја напушта државата, и најверојатно оди во Сирија. Таму се оженил за ќерката на некој поглавар и добил почит од заедницата. Бранејќи го земјиштето на поглаварот, тој станал многу познат. Тогашниот фараон, кој му бил пријател на Синуе, дознал дека тој го преживеал обидот за убиство и пратил збор до него. Синуе се вратил во Египет и бил пречекан со многу богатство.

7. Приказната за Венамун, Египет, околу 1000-та година п.н.е.

(7)10-te-najstari-literaturni-dela-koi-se-pronajdeni-kafepauza.mk

Единствена копија од ова дело се наоѓа во музејот Пушкин во Москва. Приказната е најверојатно вистинита и го следи животот на Венамун, свештеник во храмот на Амун. Тој бил испратен на мисија во денешна Сирија. Иако мисијата била навидум лесна и едноставна, таа се претворила во вистинска авантура. Венамун завршил во Кипар и за малку ќе бил убиен, но тогашната кралица го заштитила. За жал, приказната завршува овде бидејќи не е пронајден остатокот од делото.

8. Сиромавиот човек од Нипур, Акадија, околу 1500-та година п.н.е.

(8)10-te-najstari-literaturni-dela-koi-se-pronajdeni-kafepauza.mk

Еден од најстарите примероци на народна приказна, „Сиромавиот човек од Нипур“ раскажува за Гимил Нинурта, човек кој бил толку сиромав што не можел на си дозволи уште еден пар облека. Тој го потрошил неговиот последен златник за да си купи коза за неговата последна гозба. Отишол кај градоначалникот за да јаде таму. Градоначалникот им наредил на слугите да му ја земат козата, а Гимил Нинурта го натепале и го фрлиле на улицата. Тогаш тој се заколнал дека ќе се одмазди. Најпрво тој го убедил кралот на Нипур да му даде убава облека. Се упатил кон неговиот град и го натерал градоначалникот да помисли дека го ограбил. Тогаш го натепал бидејќи градоначалникот сакал да краде од кралот. Следниот пат се преправил во свештеник и со измама повторно успеал да го натепа. Третиот и последен пат, градоначалникот го засилил своето обезбедување, но Гимил му платил на некој човек да им го одвлече вниманието на стражарите, и го натепал уште еднаш.

9. Инструкциите од Шурупак, Сумерија, околу 2500-та година п.н.е.

(9)10-te-najstari-literaturni-dela-koi-se-pronajdeni-kafepauza.mk

Ова дело е колекција од лекции и мудрости многу слични на Библијата. Инструкциите се можеби најдобар пример за мудрости од Сумерската цивилизација и содржат многу совети за добар живот. Има поголем број пронајдени копии, и лекциите како „Не силувај“ или „Не суди додека пиеш пиво“ се едни од најголемите причини за популарноста на ова дело.

10. Мудроста на Птахотеп, Египет, околу 2400-та година п.н.е.

(10)10-te-najstari-literaturni-dela-koi-se-pronajdeni-kafepauza.mk

Ова е книга од 18 страници која ги содржи мислите и идеите на Птахотеп, советник на двајца фараони. Одбивајќи ја улогата на фараон, тој решил да стане свештеник и да му служи на кралството. Слично како и Инструкциите од Шурупак, и ова дело содржи совети за подобар живот. На крајот на делото, Птахотеп раскажува за својот долг живот (110 години) и за задоволството во почитување на правилата.

Погледнете и кои се најмистериозните книги кои постојат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар