10 прашања на кои научниците сè уште немаат одговор

6. Постојат ли човечки феромони?

10 прашања на кои научниците сè уште немаат одговор

Дали човекот може да почувствува страв, болест или личност од спротивниот пол на големо растојание? Одговорот е не. Но од друга страна, многу луѓе можат да си ги препознаат роднините и пријателите по нивниот мирис. Покрај одредени хемиски сигнали, нештата како природниот телесен мирис можат да предизвикаат одредени реакции кај личноста. Но дури и ако постојат човечките феромони, не знаеме како телото го дешифрира хемискиот сигнал.

7. Животните имигрираат и знаеме зошто, но како функционира ова?

10 прашања на кои научниците сè уште немаат одговор

Животните патуваат илјадници километри во текот на годината бегајќи од екстремни температури, барајќи храна или партнер. Сите видови животни имаат разни методи за навигација, како на пример, магнетното поле на Земјата. Но механизмите на миграцијата не се доволно истражени.

8. Многу луѓе тврдат дека виделе духови, но како да го објасниме ова?

10 прашања на кои научниците сè уште немаат одговор

Важно е да разберете дека сите духовни активности имаат научно објаснување поврзано со физиолошките процеси. На пример, искуствата надвор од телото се предизвикани од нарушување на процесите во дел од мозокот. Парализата во сонот е уште еден феномен лесно објаснив со наука. Па кого ќе му кажете на експерт дека сте виделе дух, би требало да му кажете и како сте се чувствувале за време на искуството. Колку било старо местото и сите страшни приказни се целосно бескорисни информации. Сето ова не помага во одговорот на прашањето.

9. Дали другите луѓе го гледаат светот исто како и вие?

10 прашања на кои научниците сè уште немаат одговор

Никој не го знае одговорот на ова. Дури и ако не разговарате со далтонисти, никогаш нема да знаете дали небото е сино за другите како што е сино и за вас.

10. Што имало пред Големиот прскот?

10 прашања на кои научниците сè уште немаат одговор

Единствениот одговор што го има науката моментално е ништо, бидејќи не постоело нешто како „пред“. Немало време, ниту простор. Најслабиот дел од ова теорија е тоа што укажува дека нешто настанало од ништо. Но зборот ништо значи сосема различни нешта за физичар и за обичен човек.

Прочитајте и за овие изненадуваки мистерии што науката не може да ги објасни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар