10 неверојатни феномени предизвикани од звукот што ќе ве остават без зборови

Звукот е природна константа на која сме навикнати, како и на светлината што ја гледаме и воздухот што го дишеме. Од добра музика до неподносливи будилници, нашиот секојдневен живот е полн со овие вибрации и тоа во разни форми. Но, има повеќе за звукот од она што можеме да го слушнеме. Постојат многу чудни нешта во акустиката кои се неверојатни, но понекогаш и опасни.

1. Визуелен микрофон

Откако ќе се „судри“ со некој предмет, звукот обично се апсорбира и поминува низ него без некој забележлив ефект. Но и најмалите вибрации прават многу мали промени на површината кои може да бидат забележани со камера за голема брзина. Истражувачи од Мајкрософт, МИТ и Адоб, соработувале со цел да создадат алгоритам кој ќе извлекува информации од овие микроскопски движења и со кој ќе може да го повратат оригиналниот звук од тивко видео. Иако оваа технологија е нова, сепак постои голем потенцијал за зголемено обезбедување бидејќи со ова се надминуваат границите на микрофоните и се оди зад ѕидовите со звучна изолација.

2. Напад на делфин (DolphinAttack)

Ова е нова технологија која може да управува со уредите за препознавање глас преку ултразвук, односно звуци со фреквенција поголема од 20 kHz. Незабележливата гласовна контрола била препознаена од Сири, Кортана, Алекса, па дури и од вокалниот систем за навигација на автомобилите Ауди. Ако некој хакер ја искористи оваа технологија многу лесно може да ја намали светлината на нападнатиот уред, да го регулира звукот или пак, целосно да го исклучи уредот. Изненадувачки, но овој метод е многу евтин и за него е потребен само засилувач за сигналот, ултрасоничен трансдуктор за фреквенцијата и батерија поврзана со звучник или нешто слично.

3. Инфразвук хорор

(1)10-neverojatni-zvuchni-fenomeni-kafepauza.mk

Постојат малку докази дека ултразвуците имаат некакво влијание на луѓето, а најчесто станува збор за непријатност и вртоглавица. Од другата страна на спектарот, и инфразвукот не може да биде слушнат, но ако се погоди фреквенцијата може да се предизвикаат многу вознемирувачки психолошки и физички сензации. Целото тело ги чувствува овие длабоки вибрации кои предизвикуваат гушење, халуцинации, паника и депресија. На 19 херци, инфразвукот резонира со човечкото око на иста фреквенција, а ова е одлична алатка за плашење и заслепување. Бидејќи инфразвукот често се наоѓа во природата и кај машините, ова може да биде објаснување за наводно „опседнатите“ места.

„Духот во машината“ (The Ghost in the Machine) е најпознатата вистинска приказна за ваков настан. Еден инженер бил во некоја лабораторија за која колегите му кажале дека е опседната. Но и покрај неговиот скептицизам тој почнал да се чувствува депримирано, а понекогаш му било и студено. Една вечер дури и видел некаква сива силуета во лабораторијата. Следниот ден тој открил дека изворот на духот бил некој скриен вентилатор кој вибрирал на околу 19 херци.

4. Звучно оружје

(2)10-neverojatni-zvuchni-fenomeni-kafepauza.mk

Првата идеја за звучно оружје било тајно истражување на Алберт Спир, архитектот на Хитлер. Но оружјето никогаш не било направено поради крајот на нацистичкиот режим. Овој акустичен топ би произведувал заглушувачки, фокусиран и засилен звучен бран кој толку грубо би го „вибрирал“ човечкото тело, што секој во радиус од 90 метри би умрел за 30 секунди. Во зависност од децибелите, звучните бранови се способни да предизвикаат вртоглавица и повраќање, болка, целосна дезориентација, или пак експлозија на ушните тапанчиња.

5. Флатуленција на харинги

(3)10-neverojatni-zvuchni-fenomeni-kafepauza.mk

За време на Студената војна, една подморница на Советскиот Сојуз се обидувала да стигне во забранета водна површина на Шведска. Швеѓаните не паднале на измамата на Русите дека станувало збор само за грешка во навигацијата. Подоцна, во 1980-тите, шведската кралска морнарица забележала некакви звуци под вода и ги класифицирала како руски подморници. Се разбира, Русите ги негирале обвиненијата, а звуците продолжиле да се појавуваат. Во 1994 година, шведскиот премиер Карл Билт му напишал писмо на Борис Јелцин за оваа бесрамна повреда на дипломатијата. Звуците продолжиле да се појавуваат иако Советскиот Сојуз веќе се распаднал.

Кога почнале да го минираат морското дно, на површината на вода е појавиле само мртви харинги. Изворот на политичкиот конфликт биле шведски риби. Харингите имаат чудна навика каде што голтаат воздух и го испуштаат низ аналниот отвор, предизвикувајќи звук кој е познат како брзи повторувачки тикови (FRT). Доказите покажале дека овие звуци се користат за комуникација, особено навечер кога рибите не можеле да се видат. Огромното јато харинги кое се собрало во Балтичкото Море предизвикало интензивни звуци кои биле доволно гласни за да исплашат цела нација.

Продолжува на следната страница

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар