10 неверојатни приказни за деца кои преживеале смртоносни ситуации - Part 2

10 неверојатни приказни за деца кои преживеале смртоносни ситуации

6. Обид за самоубиство

(6)10-neverojatni-prikazni-za-deca-koi-prezhiveale-opasni-situacii-kafepauza.mk

Често луѓето што сакаат да извршат самоубиство скокаат од мост, но ретки се случаите тие ги вклучуваат и своите деца во овие ужасни настани. Семејството Спикен го искусило токму ова, но крајниот резултат бил вистинско чудо. Во 2016 година, по жестока семејна расправија, Џон Спикен ги земал двете мали деца и заминал негде со автомобилот. Следејќи го ГПС сигналот на неговиот телефон, полицијата го пронашла неговиот празен автомобил покрај мост „популарен“ за самоубиства. Џон скокнал од мостот кој бил висок 30 метри држејќи ги двете деца во рацете. Но тројцата слетале во дрвата под мостот наместо во реката. За среќа, гранките го ублажиле падот на децата кои поминале само со благ потрес на мозокот. Таткото од друга страна, починал веднаш.

7. Преживување во контејнер

(7)10-neverojatni-prikazni-za-deca-koi-prezhiveale-opasni-situacii-kafepauza.mk

Откако 12-годишна девојка се породила во својот стан во 1991 година, таа веднаш се ослободила од детето. Наместо да го однесе во болница или на некое безбедно место, таа го фрлила во ѓубрето. Околу 9.45 наутро, 3 часа по настанот, луѓето што го собирале ѓубрето слушнале некој звук. Тие се одлучиле наместо да го испразнат контејнерот да ѝ се јават на полицијата. За среќа, бебето било пронајдено живо под еден куп весници. Кога го однеле во болница било третирано за хипотермија, но сепак преживеало.

8. Торнадо

(8)10-neverojatni-prikazni-za-deca-koi-prezhiveale-opasni-situacii-kafepauza.mk

Едно торнадо во Тенеси, Америка во 2008 година, зад себе оставило вистински пустош од урнатини, пожар и мртви тела. Четири часа од почетокот на потрагата по преживеани, еден од спасувачите помислил дека видел кукла во еден вир. Откако ѝ се приближил, сфатил дека станува збор за 11-месечно бебе, кое за голема среќа било живо. Бебето Кајсон било кренато од моќното торнадо и исфрлено неколку метри заедно со неговата мајка, која не го преживеала падот. Бебето речиси и да немало повреди и било згрижено кај неговите баба и дедо.

9. Изгубена на море

(9)10-neverojatni-prikazni-za-deca-koi-prezhiveale-opasni-situacii-kafepauza.mk

Во 1961 година, семејството Дуперолт отишло на крстарење на Бахамите кое се претворило во вистински кошмар. Во текот на крстарењето, капетанот одлучил да ја убие својата сопруга. Таа не му дозволила толку лесно да го изведе планот, па нејзиното викање го привлекло вниманието на патниците. За да се прикрие, капетанот Харви не само што ја убил сопругата, туку ги убил и сите останати на бродот. Сите освен Тере Дуперолт, 11-годишно девојче. Тере успеала да го напушти бродот, а капетанот не знаејќи за ова се вратил на копното и раскажувал дека бродот потонал. Но, Тере поминала 4 дена на море, без храна и вода и кога конечно била спасена сведочела за ужасното убиство.

10. Преживување на тркало

(10)10-neverojatni-prikazni-za-deca-koi-prezhiveale-opasni-situacii-kafepauza.mk

Во 2014 година, едно 16-годишно момче преживеало нешто што никој друг не може. Наместо да купи авионска карта до Хаваи, момчето одлучило да ја прескокне оградата и да се фати за тркалото на авионот. Иако безбедносните камери го снимале подвигот, никој не го видел во живо. Откако се качил на тркалото, тој го преживеал летот од 5 часа. На некој начин тој ги преживеал ниските температури и недостатокот од кислород на височината. Наводно, изгубил свест брзо откако авионот полетал и се разбудил еден час по слетувањето. Екипажот на земјата бил воодушевен, но момчето сепак завршило во притвор.

Погледнете ги и најстрашните работи кои децата им ги кажале на своите дадилки.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар