10 неверојатни приказни како причина за развод

10 неверојатни приказни како причина за развод

Разводот ја открива најлудата страна на луѓето.

torn piece of paper with divorce text and paper couple figures

Дури и најрационалните луѓе го губат разумот кога се во процес на развод од својот брачен партнер. Во продолжение, 10 адвокати за развод ги споделуваат своите искуства со невозможни побарувања.

1. „Во еден случај, жената му се одмаздила на својот маж преку неговите скапоценoсти: Ја испразнила водата од базенот со ајкули.“

2. „Еден клиент веруваше дека таа и сопругот се во голема љубов и дека го сакаат нивното куче како свое дете. Но, кога кучето одбивало да јаде и имало проблеми со редовно одење во тоалет, тие во паника отишле на ветеринар. При итната операција поради опструкција на дебелото црево, ветеринарот од неговиот стомак извадил црвени танга гаќички. Кучето се опоравило, но нивниот брак завршил. Црвените танга гаќички не припаѓале на сопругата!“

3. „Мојот клиент тврдеше дека неговата жена го провоцирала со испраќање навредливи пораки наменети кон него, како статус на WhatsApp. Една од нејзините пораки гласела: ‘До сите лажговци: удавете се со (емотикон од модар патлиџан).’ Жалам, но не може на некого да му забраните да пишува статус на својот профил, затоа што вие сметате дека тоа е навредливо за вас.“

4. „Понекогаш се случува, клиент, или поточно кажано потенцијален клиент, да одбива да ми го прикаже ‘доказот’ за неверството на неговиот брачен партнер. Во вакви ситуации ни покажуваат слики од нивниот брачен партнер во сексуална интеракција со некој друг и мислат дека тоа е доволно. Секако, кога ќе прашаме ‘па тогаш кој бил фотографот?’, одговорот неизбежно започнува со ‘Па добро, сите бевме голи…’“

5. „Клиентот ја објави својата намера дa поднесе барање за развод со тоа што го запали свадбениот фустан на неговата жена во каминот. Но таа не направила ништо што би ја оправдало неговата постапка: никогаш не го изневерила, ниту пак несовесно ги трошела неговите пари. Неговото однесување беше исто така необјасниво до крајот на судењето.“

(2)neverojatni-prikazni-kako-prichina-za-kafepauza.mk

6. „Мојот омилен случај беше со жена која била во брак повеќе од 40 години и едноставно не можеше да прифати дека нејзиниот брак е пред распаѓање. Таа беше решена да ги покачи судските трошоци и се јавуваше во нашата канцеларија секој ден (нашата тарифа е 250 долари од час) бидејќи тврдеше дека на нејзиниот папагал ‘му се допаѓал гласот на правниот застапник. ’“

7. „Имавме клиент кој се гадеше поради тоа што нејзиниот сопруг инсистирал да ги чува неговите пет мачки во нивниот заеднички стан од 55 метри квадратни. Таа набргу се исели, но потоа се бореше со часови (кои чинеа илјадници долари) за искинатиот мебел, кој мирисаше на мочка од мачка. Целата покуќнина беше скоро уништена, но таа мораше да го добие својот дел и да го смести во нејзиниот нов стан!“

8. „Еден господин помина до нашата канцеларија со плик во кој се наоѓаа неколку пара гаќички кои припаѓаа на неговата сопруга и од нас побара на нив да извршиме ДНК тестирање. Порака до сите кои го читаат ова, запомнете, ова е суд за разводи, а не полициска лабораторија! Овде немаме пристап до никаква лабораторија. Гаќичките сѐ уште се во мојата фиока.“

9. „Како што расте популарноста на пластичната хирургија, се зголемува бројот на машки клиенти кои аргументираат дека немаат обврска да ги плаќаат сите пластични корекции на нивните сопруги бидејќи тие немаат никаква корист, ниту пак задоволство од нив.“

10. „Еднаш имав случај во кој сопругот, инаку многу успешен бизнисмен во областа на градежништвото, тврдеше дека нема доволно приходи да ги издржува сопругата и неговите деца бидејќи му била потребна трансплантација на колк. Но судијата можеби ќе му поверуваше, кога го виде дека имаме проблеми со движењето при влегувањето во судницата, доколку претходно не го имаше видено неговото селфи со неговата нова девојка на врв на планина, кое го имаше прикачено на Фејсбук само една недела претходно.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар