10 неверојатни факти за пустината Сахара кои сигурно не сте ги знаеле

Според една студија објавена во научниот журнал „Science Advances“, луѓето живееле во оваа пустина пред речиси 8.000 години. Денес Сахара е едно од најнепријателските места за живеење на Земјата. Изгледа многу работи се промениле за 8.000 години, а следниве неверојатни факти сигурно ќе ви одговорат дел од прашањата што можеби некогаш сте ги помислиле во врска со најпозната пустина.

10-neverojatni-fakti-za-sahara-koi-sigurno-ne-ste-gi-znaele-kafepauza.mk

1. Ловечките племиња напредувале во Сахара

Пределот кој денес го нарекуваме пустината Сахара некогаш бил дом на ловечките племиња кои живееле од растенија и животни во периодот од пред 5.000 до пред 11.000 години.

2. Сахара денес е 10 пати посува отколку во минатото

Според Џесика Тиерни од Универзитот во Аризона, пустината Сахара добива од 2 до 10 сантиметри дожд годишно. Ова е 10 пати помалку отколку во нејзиниот „зелен период“.

3. Сахара некогаш била зелена

Користејќи морски седименти, истражувачите од Универзитетот во Аризона ја откриле шемата на врнежите во Сахара за минатите 6.000 години. Според нивните истражувања, Сахара имала свој „зелен период“ каде што врнежите на дожд биле 10 пати поголеми од оние денес.

4. Луѓето постепено ја напуштиле пустината пред 8.000 години

Потврдувајќи го тврдењето на Тиерни, археолозите откриле дека луѓето биле населени во Сахара за време на нејзиниот влажен период. Но сепак, тие почнале да ја напуштаат пред околу 8.000 години.

5. Сувата клима може да е причина за миграцијата

Иако е очигледно, истражувачите сè уште не се сигурни дали сушата била причина за заминувањето на луѓето од Сахара. Сепак, фактот дека врнежите дожд се намалиле во периодот кога луѓето почнале да се иселуваат е многу убедлив.

6. Луѓето се вратиле после сушниот период

Луѓето најверојатно се вратиле во Сахара откако започнала сушата, но културата била многу поразлична во овој период. Наместо племиња на ловци, овојпат одгледувачи на стока ја презеле пустината.

7. Истражувачите користеле морски седименти за истражување на Сахара

Тиерни својот тим од Универзитетот во Аризона користеле морски седименти од 4 различни области на брегот на Западна Африка наместо седименти од езеро за нивното истражување.

8. Јадрата помогнале да се откријат шемите на врнежите од дожд

Јадрата на морските седименти дошле од растојание (од север кон југ) од 1.300 килоометри. Ова помогнало да се откријат античките податоци за врнежите дожд во „зелената Сахара“.

9. Истражувачите користеле антички восок од лисја за да ги утврдат климатските услови

Користејќи восок од лисја од морските седименти, тимот истражувачи бил во можност да ги утврди климатските услови во даден период.

10. Пустината Сахара е најголемиот извор на прашина на Земјата

Дали имате валкана куќа? Не ги обвинувајте децата. Обвинете ја Сахара, бидејќи таа е најголемиот извор на прашина. Причината за ова е недостатокот на вегетација и врнежи од дожд.

Погледнете ја и оваа уметност во пустината Сахара, стара 17 години, а видлива и од „Google Earth“!

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар