10 нешта кои ги чувствуваат само девојките кои се возбудени за доаѓањето на пролетта

10 нешта кои ги чувствуваат само девојките кои се возбудени за доаѓањето на пролетта

Времето се подобрува, облаците се расчистуваат и температурите се зголемуваат. Природата излегува од зимски сон и како што се зголемуваат нејзините бои и светлина, така и вие полека се будите и полните со енергија. Цела година сте ја чекале пролетта и таа конечно пристигна, па токму затоа сакате да ја доживеете во целост!

10 нешта кои ги чувствуваат само девојките кои се возбудени за доаѓањето на пролетта

1. Вие сте како лилјак кој излегол од својата темна и осамена пештера и под влијание на сончевите зраци се претворивте во пеперутки кои го обожаваат животот. Вие сигурно носите кратки пантолони и сандали додека појадувате на отворено, потсетувајќи се дека животот може да биде прекрасен.

2. Го обожавате топлиот воздух кој се удира во вашата кожа додека се движите надвор на отворено. Вие никогаш претходно не сте чувствувале толку живо. Вашата кожа е бледа од долгата зима, но набрзо ќе се здобиете со пролетниот потемен тен.

3. Вие имате потреба да излезете надвор и да направите фотографии од СИТЕ цвеќиња. Вашиот профил на Инстаграм изобилува со светлината и боите на пролетта.

4. Не сакате да го поминувате денот во затворен простор. Вие ќе направите сè што е во ваша моќ да поминувате што е можно повеќе време на отворено, доживувајќи ја пролетта во целост и живеејќи го својот живот под ведрото сино небо.

5. Конечно можете во целост да уживате во леденото кафе. Леденото кафе е нектарот на пролетта и вие конечно имате можност да го пиете додека ги набљудувате сите оние промени кои пролетта ги донела со себе.

6. Посакувате да можете да носите маички без прерамки цел ден и цела ноќ. Да беше до вас, вие веќе ќе шетавте во бикини, бидејќи тоа е крајната спротивност на вашиот капут кој претерано го мразите.

7. Вашите кул очила за сонце конечно имаат цел. Сега можете да почнете да ја планирате вашата облека и модни додатоци во комбинација со омилените очила и притоа да изгледате природно и опуштено.

8. Можете во било кое време да ги посетите сите оние места кои ги посакувате. Вие можете да го правите сè она кое зимата ве спречувала, како излегување во клубови, ручање на отворено или пак, едноставно да се прошетате во паркот без притоа да смрзнете.

9. Немате веќе време за ТВ серии. Вие ги обожавате вашите серии, бидејќи тие секогаш биле тука да ве стоплат во студените зимски денови, но со убавото време и високите температури вие веќе немате толку слободно време за да ги гледате сите оние серии кои ги следите за време на зимската сезона.

10. Едноставно не ви се верува колку е топло надвор. Времето е совршено, не е ниту ладно, ниту премногу жешко и токму затоа уживате во оваа сезона.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар