10 најсексапилни машки професии

10 најсексапилни машки професии

Еротските фантазии најчесто се врзани со некои необични места за водење љубов, но има и голем број машки професии на кои повеќето жени паѓаат. Пожарникарот ќе ја распали женската фантазија, а пилотот ќе ја одведе дамата во небесната широчина. Погледнете кои машки професии го имаат тој икс-фактор, со кој го привлекуваат понежниот пол.

10 најсексапилни машки занимања

10. Фитнес инструктор

Часовите поминати во теретана резултираат со извајано тело, кое жените несомнено го забележуваат и го набљудуваат со насмевка на нивното лице.

9. Готвач

Се вели дека љубовта оди преку стомакот, а вистинскиот избор на храна може и тоа како да побуди страст и возбуда. Овој маж ќе ве оттргне од шпоретот и ќе ви ја приготви романтичната вечера од вашите соништа.

8. Позната личност

Актерите и пејачите се чест предмет на фантазирање за жените ширум светот. Без разлика дали сонувате за нежна душа, непослушно момче или за груб и силен маж, во оваа професија има доволно избор за сечиј вкус. Многу жени велат и дека актерите се доста интересни и интелигентни соговорници.

7. Градинар

Млад, згоден градинар со јака снага е сон на секоја жена. Дали за тоа се одговорни филмовите во кои богаташките мечтаат за секси младич кој го одржува нивниот дом, како на пример во ТВ серијата „Очајни домаќинки“ или едноставно самата нивна појава ја буди женската фантазија, проценете сами.

6. Адвокат

Со правниците се поврзуваат поимите успех, интелигенција и сигурност, кои во комбинација со елегантно одело, уредна брада, фина фризура и дебел паричник, го ставаат ова занимање на цврстата 6-та позиција.

10 најсексапилни машки занимања

5. Доктор

Униформите секогаш биле плод на женската фантазија и до ден-денес тоа остана така. Господата во бели мантили се симбол на контрола и моќ, што за жените понекогаш е поважно од самиот физички изглед.

4. Пожарникар

Ова занимање отсекогаш предизвикувало воздишки кај жените. Снажниот, испотен маж кој може да ве заштити, е сон на речиси секоја жена.

3. Полицаец

Чуварите на редот, особено оние кои работат во специјалните единици, се избор на жените кои сакаат да се чувствуваат сигурно и заштитено покрај авторитетен човек. Иако во 21 век жените сакаат самостојност, сепак повеќето ќе се согласат дека понекогаш е исклучително пријатно да знаат дека покрај себе имаат некој кој ќе ги пази и гали.

2. Спортист

Спортистите, нивното мускулесто тело и мотото „во здраво тело, здрав дух“, се неодоливи за многу девојки. А особено кога станува збор за моќните фудбалери, кои се сметаат за најдобри љубовници помеѓу спортистите, на фантазиите им нема крај.

1. Пилот

Ова занимање е на врвот на најсекси машки професии, уште од првото полетување кон небесната височина до денес, а додатно ја зачини и Том Круз во филмот „Top Gun 2“. Без разлика дали станува збор за пилот на класичен или воен авион, фантазирањето за моќниот маж во елегантна униформа, кој самиот владее со огромното летало, нема крај.

10 најсексапилни машки занимања


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар