10 машки и женски имиња кои значат АНГЕЛ, а се популарни во целиот свет

10 машки и женски имиња кои значат АНГЕЛ, а се популарни во целиот свет

Изборот на име за новороденчето може да биде вистинска мака за родителите. Тие често се неодлучни и понекогаш меѓусебно не се согласуваат околу изборот, а уште потешко станува кога сите од страна ќе почнат да имаат мислење околу тоа.

Убава опција е да изберете име кое има некое силно значење, а еден таков пример е со имињата кои значат „ангел“. Овој збор асоцира на нешто чисто, добро и нежно, па еве 10 предлози, по 5 за секој пол, кои би можеле да му ги дадете на вашето дете доколку ви се допаѓа оваа симболика.

10 машки и женски имиња кои значат АНГЕЛ, а се популарни во целиот свет

Женски имиња

1. Анѓа/Ангела – Силно име кое потекнува од грчкиот збор „ангелус“ што значи ангел, гласник.

2. Ангелина – Ова е уште едно име кое потекнува од истиот грчки збор со значење ангел или гласник.

3. Гина – Ова е кратка варијанта од името Ангелина, но има подеднакво силно значење.

4. Ариел – Ова е англиски облик на хебрејските зборови „ари“ и „ел“ што значи божји лав. Воедно, Ариел е името на архангелот кој владее со водите.

5. Лејла/Лајла – Хебрејското значење на ова име е ноќ, односно најубава ноќ од сите, а Лајла меѓу другото е и ангелот на ноќта во хебрејската митологија.

10 машки и женски имиња кои значат АНГЕЛ, а се популарни во целиот свет

Машки имиња

1. Анѓелко – Ова е машка верзија на името кое потекнува од грчкото „ангелус“.

2. Габриел – Име за ангелот на радоста, животот, вистината, соништата и расудувањето. Ова библиско име е многу популарно во последно време и кај нас. Значењето на хебрејското име Габриел е Бог е мојата сила.

3. Рафаел – Ова име има латинско потекло, а изведено е од зборовите „рафа“ што значи лекување и „ел“ што значи семоќен, па така се добива значењето Бог лекува или Бог исцелува.

4. Михаил – Значењето на ова име е оној кој е како Бог.

5. Миховил – Ова име има исто значење како претходното и претставува негова изведенка, а во разни варијанти е популарно во цел свет.

Погледнете ги и овие 10 најубави машки и женски имиња за вашето дете кои ги имаме позајмено од Русите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар