10 ликови од филмовите и сериите кои не можат да ги си ги дозволат нивните домови

Понекогаш Холивуд ја претставува работничката класа навистина погрешно. На пример, многу ликови од сериите и филмовите имаат домови и облека кои сигурно не би можеле да си ги дозволат во реалниот живот. Овие ликови не се богати и не се поддржани од богати родители. Најчесто работат за помала плата, ако и воопшто работат. Но, на некој начин имаат најдобри станови во најскапите американски градови.

1. Моника Гелер, „Пријатели“ (Friends)

10 ликови од филмовите и сериите кои не можат да ги си ги дозволат нивните домови

Апартман

Апартманот на Моника е навистина прекрасен. Има високи тавани, тули, големи прозорци, балкон, голема кујна со трпезарија и 2 спални соби. Станот изгледа уште поневеројатно кога ќе го споредите со оној на Џои и Чендлер.

Приход

Станови како на Моника е речиси невозможно да се пронајдат во реалниот Њујорк. Во нејзиното соседство стан со 2 спални чини околу 4.500 евра месечно. Пореална цена за овој стан е околу 13.000 евра месечно. Моника работи како готвач, но платата на готвачите во Големото јаболко изнесува околу 50.000 евра годишно.

2. Кери Бредшо, „Сексот и градот“ (Sex and the City)

10 ликови од филмовите и сериите кои не можат да ги си ги дозволат нивните домови

Апартман

Кери живее во еднособен апартман. Нејзиниот дом е удобен и шик и има голем гардеробер.

Приход

Колумнистката заработува околу 32.000 евра годишно, додека апартманите во тој дел од Њујорк се околу 2.500 евра месечно. Кери има изјавено дека плаќа само околу 700 евра месечно за кирија, но кога ќе ја вклучите цената на сметки, такси, дизајнерска облека и скапи излегувања, Кери никако не може да си го дозволи нејзиниот живот.

3. Макс Блек и Керолин Ченинг, „2 шворц девојки“ (2 Broke Girls)

10 ликови од филмовите и сериите кои не можат да ги си ги дозволат нивните домови

Апартман

Станот на Макс и Керолин би требало да изгледа евтино, но очигледно не е. Според стандардите на Њујорк, апартманот е огромен иако Керолин спие во дневната. Покрај тоа имаат и двор, нешто што е неверојатно ретко.

Приход

Девојките би требало да бидат шворц. И двете работат како келнерки во еден ресторан. Но, нивниот апартман би чинел околу 3.000 евра месечно.

4. Миа Долан, „Ла Ла Ленд“ (La La Land)

10 ликови од филмовите и сериите кои не можат да ги си ги дозволат нивните домови

Апартман

Филмот би требало да изгледа нереално – сите ликови се сонувачи и спонтано почнуваат да пеат. Но апартманот на Миа го надминува и ова. Просторот во кој живее изгледа како реновиран стар холивудски апартман со повеќе спални соби. Декориран е со светли бои, скапа покуќнина и мурали.

Приход

Во поголемиот дел од филмот, Миа е шанкерка и се обидува да стане актерка. Таа заработува околу 12.000 евра годишно. Стан со 4 спални би чинел околу 5.500 евра месечно.

5. Џош Баскин, „Голем“ (Big)

10 ликови од филмовите и сериите кои не можат да ги си ги дозволат нивните домови

Апартман

Младиот лик навистина има среќа и наоѓа фантастичен апартман. Станот има дрвени подови, висок таван и големи прозорци.

Приход

Џош е тестирач на играчки во голема компанија во Њујорк. Но дури и во 80-тите оваа забавна работа не може да ги покрие трошоците за живеење. Денес овој апартман би чинел 7.000 евра месечно. Дури и ако Џош би заработувал 90.000 евра годишно, не би мал доволно пари.

Продолжува на следната страница…

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар