10 изненадувачки факти за луѓето кои веруваат дека Земјата е рамна - Part 2

10 изненадувачки факти за луѓето кои веруваат дека Земјата е рамна

6. Веруваат дека сонцето е мало и веднаш над Земјата

10 изненадувачки факти за луѓето кои веруваат дека Земјата е рамна


На Земјата има две рамноденици секоја година – првата е во март, а втората е во септември. И во двата дена, сонцето сјае директно врз екваторот, така што денот и ноќта имаат приближно исто траење. Рамнодениците се возможни бидејќи Земјата е сфера и има малку накривена оска.

Но, како што веќе претпоставувате, луѓето кои веруваат во рамна Земја го побиваат и ова. Тие тврдат дека рамноденицата постои бидејќи сонцето е точно над Земјата и се движи околу Северниот Пол, кој наводно е центарот на светот.

7. Верник во теоријата лансира домашно направена ракета за да ја види Земјата од вселената

10 изненадувачки факти за луѓето кои веруваат дека Земјата е рамна

Мајк Хјус решил да отпатува во вселената за конечно да докаже дека Земјата е рамна. За оваа цел направил ракета, која всушност била само функционален прототип. Потрошил околу 20.000 евра и ја направил со старо железо. Ја тестирал ракета во март, 2018-та година. Ракетата се искачила на височина од 572 метри, пред да го отвори падобранот и да се врати назад. Слетувањето не било глатко и Мајк бил повреден. За среќа, повредите не биле сериозни.

8. Уште еден верник сака да лансира сателит во вселената

10 изненадувачки факти за луѓето кои веруваат дека Земјата е рамна

Раперот Боби Реј Симонс, познат како B.o.B. е уште еден верник во рамната Земја. За разлика од Мајк, тој сака да лансира сателит со чија помош ќе ја фотографира Земјата. Тој се обидува да собере пари од донации уште од 2017-та година.

Многумина истакнале дека раперот нема знаење и искуство за градење сателит и ракета, дури и ако ги собере парите. Ова значи дека леталото ќе биде направено од луѓе кои веруваат дека Земјата е сфера. Досега тој има собрано околу 6.000 евра од потребниот милион.

9. Јутјуб ги претвора луѓето во верници во рамна Земја

10 изненадувачки факти за луѓето кои веруваат дека Земјата е рамна

Денес постојат толку многу луѓе што веруваат во рамна Земја, што дури одржуваат годишни конференции. Група истражувачи од Техничкиот Универзитет во Тексас се запрашале зошто гледаме пораст на бројот на луѓе што веруваат во рамна Земја и решиле да откријат.

Истражувачите присуствувале на конференција за рамна Земја и интервјуирале 30 верници. Од 30 испитаници, 29 изјавиле дека почнале да веруваат после гледање видеа на Јутјуб кои „докажуваат“ дека Земјата е рамна. Наводно, тие гледале документарци за теории на заговор за нападите на 11-ти септември и за слетувањето на месечината, кога Јутјуб им предложил видеа за рамна Земја.

Видеата се појавувале поради алгоритамот на Јутјуб, а од Јутјуб изјавиле дека не можат да ги забранат видеата за рамна Земја само затоа што се лажни.

10. Некои веруваат дека телепортацијата е причина зошто никој не паднал од работ на Земјата

10 изненадувачки факти за луѓето кои веруваат дека Земјата е рамна

Веќе споменавме дека овие луѓе веруваат дека работ на Земјата е опкружен со ѕид од мраз, а овој ѕид од мраз наводно е Антарктикот. Арктикот го сметаат за центар на Земјата. Но проблемот со овој, како и со секој друг ѕид, е тоа што можете да го искачите и да го прескокнете. Доколку Земјата е рамна, сигурно досега некој би паднал од работ. Верниците тврдат дека никој не паднал бидејќи НАСА има агенти кои не им дозволуваат на луѓето да го искачат ѕидот.

Поочигледен проблем со рамната Земја се авионите. Авионите би се нашле во вселената веднаш штом ќе го надлетаат ѕидот на работ од Земјата. Покрај тоа, рамната Земја би го направила невозможно полетувањето од една точка, летањето околу светот и враќањето на истата точка од другата страна. Па, што се случува?

Во 2018-та година, Дарен Несбит, кој верува во рамна Земја, изјавил дека авионите најверојатно се враќаат на почетната точка и не паѓаат од работ бидејќи се телепортираат кога ќе стигнат до него. Односно, се транспортираат на спротивниот раб. Тој ја објаснил неговата теорија со нешто што го нарекол „Ефектот Пак-ман“. Наводно, авионите се телепортирале исто како духовите во класичната видео игра – кога влегуваат во едниот крај од екранот, се појавуваат на другиот.

Друг верник во рамната Земја, Конор Марфи, има покреативно мислење. Тој вели дека Земјата не е рамна, туку како купола, нешто што би наликувало на половина сфера. На овој начин Земјата би немала раб, па сите сме заробени во неа и не можеме да паднеме од неа.

Погледнете и како би изгледал животот на Земјата ако таа навистина беше рамна.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар