10 интересни работи што треба да ги направите во Јапонија

10 интересни работи што треба да ги направите во Јапонија

Автор: Мандевска Бојана

Јапонија е архипелаг на 6.852 острови. Таа е десетта земја во светот по бројот на популација, со над 127 милиони луѓе. Проценките покажуваат дека 90% од населението се приврзаници на Будизмот или Шинтоизмот. Службениот и официјален јазик кој го говори 99% од населението е јапонскиот.10 интересни работи што треба да ги направите во ЈапонијаЈапонската култура е со долга традиција, но низ годините таа се развивала, притоа задржувајќи ги обичаите и вредностите од своето потекло. Современата култура е комбинација од влијанија кои доаѓаат од Азија, Европа и Северна Америка. Јапонија е позната и под името „Земја на изгрејсонцето“.

Во продолжение ви предлагаме 10 интересни и забавни нешта кои треба да ги направите, доколку некогаш ја посетите Јапонија.

1. Искачете се на планината Фуџи

Највисоката планина во Јапонија е Фуџи со 3.775 метри. Илјадници Јапонци и голем број туристи го преземаат овој потег секоја година. Периодот за искачување е многу краток и трае од почетокот на јули до крајот на август.  Доколку се искачите на врвот ќе ја имате можноста да бидете сведоци на една величествена глетка.10 интересни работи што треба да ги направите во Јапонија

2. Бањајте се голи со вашите пријатели

Да отидеш во Јапонија и да се тушираш само во бањата од твојата хотелска соба, е исто како да отидеш во Кина и пекиншката патка да ја замениш за плескавица и помфрит. За многу туристи најголема пречка е да бидат голи пред други. Бидете сигурни дека не сте единствените кои се плашат да го сторат тоа. Вашите „колеги“ капачи воопшто нема да ги интересира ова, тие се таму само за да се релаксираат.

3. Сместете се во некој од хотелите на љубовта

Доколку се наоѓате во Јапонија со вашиот партнер, не смеете да ја пропуштите шансата за да минете една ноќ или неколку часови во некои од хотелите. Зградите се најчесто со блескав дизјан, собите прекрасно уредени, имаат многу огледала, голем телевизор, видео игри, караоке машина и што ли уште не. Дискрецијата е основното и најважно правило во љубовниот хотел. Во времето додека сте во хотелот нема да видите ниту еден член на персоналот освен доколку самите не побарате некого. Бројот од 25.000 љубовни хотели е доволен доказ за нивната актуелност и големата заинтересираност на туристите. Тие вкупно имаат околу 500 милиони посети годишно.10 интересни работи што треба да ги направите во Јапонија

4. Посетете ги коцкарниците со слот машини

Пачинко е термин кој означува направа за коцкање многу слична на слот машините. На ваквите места луѓето одат да се релаксираат. Бучавата и зачадена атмосфера во салоните може нема да биде предизвик за да се вратите повторно таму, но навиката кај Јапонците за посета на коцкарниците е длабоко вкоренета.

5. Прошетајте низ електронската уличка Акиба

Ако сте љубители на електроника и уреди, ова место би било како измислено за вас. Ова е место кое е опремено со најновите технологии, има голема понуда на нови електронски уреди по многу примамливи цени.10 интересни работи што треба да ги направите во Јапонија

6. Јадете на подвижна лента во суши ресторан

Возбудливо и интересно искуство е моментот кога се трудите да ја земете вашата храна која се движи по подвижната суши лента.

7. Возете се со воз

Возејќи се со воз во Јапонија ќе стекнете искуство како на ниедно друго место во светот. Од 1964 година па наваму, превозот во Јапонија во голема мера се одвива преку возови. Удобните седишта, комфорниот простор и беспрекорната услуга се причините заради кои не би сакале да ги напуштите јапонските возови. Не смее да се заборави и нивната брзина и точност на пристигнување.10 интересни работи што треба да ги направите во Јапонија

8. Пеење караоке

Пеењето караоке во Јапонија е многу популарно. Постојат приватни опремени соби кои се изнајмуваат, за да можете да уживате во пеењето караоке. Воедно пеењето се смета за еден интересен начин за ослободување од стресот, па затоа заборавете на срамот, грабнете го микрофонот во раце и почнете со пеење.

9. Појдете на турнир во сумо борење

За многумина гледањето сумо борачи воопшто не е забавно и не претставува предизвик. Но, сепак штета би било доколку сте во Јапонија да не посетите ниту еден сумо турнир, бидејќи овие турнири се дел од традицијата и културата на Јапонија. Сумо борачите не се само голи дебели мажи кои се туркаат. Потребно е многу сила, вештини и агилност за да се биде добар сумо борач.10 интересни работи што треба да ги направите во Јапонија

10. Научете јапонски

Добро би било доколку за време на вашата посета во Јапонија се потрудите да научите неколку букви, зборови, интересни јапонски фрази. Сигурно ќе се забавувате и ќе се смеете при вашите обиди да кажете по некој збор или реченица на јапонски.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар