10 интересни факти за виното

Виното ги прави луѓето среќни. Тоа го знаеме сите, но веројатно има неколку интересни факти за виното кои не ги знаете. Прочитајте 10 занимливи нешта за вашиот омилен зимски алкохол.

(3)-10-interesni-fakti-za-vinoto-kafepauza.mk

1. Обичајот за удирање на чашите за здравица доаѓа од стариот Рим каде што овој метод се користел за инволвираните да бидат сигурни дека никој не се обидува да ги отруе (кога се судирале чашите, виното се преливало од една во друга чаша). Оваа традиција започнала претходно уште во античка Грција – каде домаќинот ја пиел првата чаша вино за да им покаже на гостите дека нема намера да ги отруе.

2. Кога зборуваме за Рим – во антички Рим на жените им било забрането да пијат вино. Ако сопругот ја начекал својата жена додека пие вино имал право, според законот, да ја убие.

3. Но, Египет била античка цивилизација каде што не се пиело вино. Старите кралеви го одбегнувале виното поради верувањето дека црвениот алкохолен пијалак е всушност крвта од оние кои се обиделе да се борат со боговите. Поради тоа, според Египќаните, луѓето се однесуваат нерационално додека пијат вино (алкохол).

4. Ако поседувате винска колекција – немојте да ги чувате шишињата исправени, бидејќи ова ќе предизвика сушење на тапата и нејзино собирање поради што во шишето може да влезе воздух. Секогаш чувајте ги шишињата со вино наопаку, освен ако не користите тапа од вештачки материјали.

(1)-10-interesni-fakti-za-vinoto-kafepauza.mk

5. Иако искушението е големо – обидете се да не го чувате виното во кујната. Температурите во кујната се многу високи и можат да го нарушат квалитетот на виното. Фрижидерот исто така не е место за чување вино, бидејќи температурите се премногу ниски. Најдете темен, ладен орман некаде низ вашата куќа или стан, каде што ќе може да ги чувате сите ваши шишиња. Или едноставно направете визба за чување вина.

6. Дали истовремено сакате екстремен живот и вино? Ако го посетите Виетнам, од келнерот побарајте чаша кобра вино. Овој екстремен пијалак се состои од оризово вино, со додаток крв од кобра убиена на лице место. По желба во пијалакот може да се додаде и срцето на кобрата.

7. За време на забраната за производство на алкохол во САД, производителите на концентрат од гроздов сок ја искористиле големата страст за пиење кај Американците и на своите производи лепеле големи налепници со предупредување на кои пишувало „Откако ќе го измешате концентратот со вода, ве молиме да не го чувате 20 дена во дрвени буриња – бидејќи ќе се престори во вино.“

8. Едно испитување спроведено во Австралија вели дека жените кои пијат две чаши вино дневно уживаат повеќе во сексот од жените кои воопшто не пијат.

(2)-10-interesni-fakti-za-vinoto-kafepauza.mk

9. Светскиот шампион кој може да препознава вино по мирис бил крунисан во 2003. Ричард Јахлин од Шведска препознал 43 вина од 50. За споредба, освојувачот на второ место препознал само 4.

10. Постои фобија од вино која се нарекува оенофобија и навистина има луѓе кои страдаат од неа. Можеби звучи смешно, но оенофобијата како и другите фобии на луѓето им предизвикува анксиозност, страдање, посебно ако често излегуваат во ресторани.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар