10 интересни факти за скокоткањето

10 интересни факти за скокоткањето

Некои научници веруваат дека скокоткањето е важен социјален феномен кој воспоставува врска помеѓу вас и луѓето во ваша близина. Но, знаете ли кои се најчувствителните места за скокоткање? Или пак, зошто вие самите не можете да се скокоткате? Во продолжение погледнете неколку интересни факти за оваа појава.

10 интересни факти за скокоткањето

1. Скокоткањето ви помага да се зближите со личноста

Во 19-тиот век било забележано дека скокоткањето е механизам на социјално поврзување. Тоа служи како една од првите форми на комуникација помеѓу мајката и нејзиното дете, а исто така помага при градењето односи со пријателите.

2. Не можете да се скокоткате самите

Имено, мозокот може да ги предвиди чувствата кои ќе бидат предизвикани од вашите сопствени движења, но не и од нечии други. Кога вие се обидувате да се скокоткате самите, мозокот го предвидува чувството и тоа го користи за да ги откаже реакциите од другите области на мозокот.

3. Кои се најчувствителните места на скокоткање?

Стапалата на нозете и пазувите се сметаат за едни од најчувствителните места на скокоткање на вашето тело. Покрај тоа, тука се вбројуваат и вратот, градите и гениталиите.

4. Скокоткањето претставува еден вид „систем за предупредување“

Како и чешањето, така и скокоткањето ве заштитува, насочувајќи ви го вниманието на надворешните дразби. Ова станува смешно кога личноста ќе сфати дека тоа доаѓа од друго човечко суштество.

5. Скокоткањето може да се претвори во измачување

Во минатото имало случаи кога скокоткањето се користело како физичко казнување. Постојат докази кои покажуваат дека нацистите го користеле овој вид казна, а исто и старите Римјани. Тие ги врзувале казнетите, им ги натопувале стапалата во солена вода и оставале козите да им ги лижат. Со текот на времето, скокоткањето станувало многу болно.

10 интересни факти за скокоткањето

6. Колку што личноста е постара, толку помалку е чувствителна на скокоткањето

Личностите помлади од 40 години се десет пати повеќе склони кон скокоткање, отколку оние над оваа возраст. Не затоа што возрасните не сакаат скокоткање, туку едноставно со стареењето се намалува и чувствителноста.

7. Скокоткањето може да биде прекинато

Како да го направите ова? Ставете ја раката на личноста која ве скокотка. Овој трик често го користат докторите кога сакаат да го испитаат стомакот на пациентот, па бараат од нив да ја стават својата рака на неговата. На овој начин, кога ги правите истите реакции како и докторот, вие правите вашиот мозок да мисли дека се скокоткате самите.

8. Скокоткањето ви помага да ја намалите телесната тежина

Ако скокоткањето прави гласно да се смеете, тоа води до согорување калории. Истражувањата покажуваат дека 10 до 15 минути смеење согорува од 10 до 40 дополнителни калории дневно, што може да значи дека годишно можете да загубите и до неколку килограми.

9. Скокоткањето може да доведе до сексуално задоволство

На некои луѓе скокоткањето им дава задоволство и се возбудени додека гледаат како некој се скокотка. Во поширока смисла, тоа може да послужи како еден вид предигра.

10. Зошто се смеете при скокоткањето?

Ова е големо, нерешено прашање. Смеењето вообичаено се поврзува со хумор и забава. Но, понекогаш тоа може да носи незадоволство и болка, па сѐ уште се поставува прашањето, зошто се смеете?

10 интересни факти за скокоткањето


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

  1. маја Reply

    подмишкинанозете вгушка

Остави коментар