10 фотографии на кои е тешко да се каже која е мајката, а која е ќерката

10 фотографии на кои е тешко да се каже која е мајката, а која е ќерката

Сосема е нормално родителите да се грижат повеќе за децата отколку за самите нив. Тие не ни забележуваат дека косата им станува седа, дека брчките почнуваат да им го китат лицето, дека сè повеќе се здебелуваат… Но, некои мајки успеваат да докажат дека е возможно да бидат во топ форма на секоја возраст. Всушност, тие изгледаат исто толку добро како своите ќерки и со тоа им поставуваат одличен пример. Погледнете.

1. Ана Нистром и нејзината мајка

Ана е популарна блогерка од Шведска. Таа има 26 години и работи како личен фитнес тренер. Нејзината мајка е во своите 40-ти, но изгледа како да ѝ е сестра на Ана!

2. Амбер Ле Бон и нејзината мајка, Јасмин

Амбер е позната манекенка од Англија, и најстарата од трите ќерки. Нејзиниот татко, Симон, е фронтмен на Дуран Дуран, а нејзината мајка е познатата манекенка Јасмин. Амбер годинава ќе наполни 29 години, а нејзината мајка – 54!

3. Ана Диното и нејзината мајка, Маја Илана

На оваа фотографија Ана има 14 години, а мајка ѝ, иако има над 30 години, изгледа како нејзина постара сестра.

4. Соња и Вера Брежневи

Соња е ќерката на популарната руска пејачка и актерка Вера Брежнева. Ние знаеме дека Соња неодамна наполни 17 години, а нејзината мајка има 36. Но, на овие фотографии тие изгледаат како две најдобри пријателки што немаат повеќе од 25 години.

5. Ејва Филипе и нејзината мајка, Рис Витерспун

Ејва е 18-годишната ќерка на холивудската ѕвезда Рис Витерспун што во овој момент има 42 години. Погледнете ги само колку идентично изгледаат.

6. Шанис Херстон и нејзината мајка, Евелин Лозада

Шанис има 24 години. Таа е блогерка, манекенка и учесник во реално шоу. Таа тргнала по стапките на својата мајка Евелин, што сега има 42 години, која пак е телевизиска ѕвезда, манекенка и писателка.

7. Рамер Вилис и нејзината мајка, Деми Мур

Рамер има 29 години и е американска актерка. Но, таа е најпозната по своите родители – Деми Мур и Брус Вилис. На оваа фотографија, Деми Мур има 55 години!

8. Полина и Светлана Максимови

Полина, која има 28 години, веќе е популарна филмска и театарска ѕвезда во Русија. Таа пораснала во семејство со актери, а на оваа фотографија со мајка ѝ што има 53 години, тие изгледаат како две сестри.

9. Навја Навели Нанда и Швета Бакакан Нанда

Навја и Швета доаѓаат од познато и многу моќно индиско семејство. Ќерката која има 21 година е боливудска ѕвезда, а нејзината мајка што неодамна наполни 44 години е новинарка, има успешен моден бизнис и е во процесот да станува писателка на романи.

10. Имани Еванс и нејзината мајка, Сузан

Имани има 26 години, а нејзината мајка наскоро ќе полни 50! Тие работат за британската телевизија, а исто така имаат и сопствени добро познати блогови за готвење.

Каква мајка, таква ќерка: Погледнете ги и овие 20 неодоливи фотографии од мајки со нивните мини верзии!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар