10 факти за смртта од модерната наука

6. Време

10 факти за смртта од модерната наука

Луѓето кои имале искуство блиску до смртта често опишувале екстремно искривување на времето. Постојат многу натприродни објаснувања за овој феномен, но според науката и личните искуства, во моментите пред смртта времето како да забавува или целосно да запира. Некои луѓе изјавиле дека во последните моменти времето губело секаква смисла. Надежно, идните истражувања ќе ни помогнат подобро да ги разбереме свесноста и времето во моментите пред настапување на смртта.

7. Биолошка смрт

10 факти за смртта од модерната наука

Иако моментот на смртта може да биде навистина двосмислен, концептот се протега подалеку од смртта на мозочното стебло, односно точката од која нема враќање. Ова продолжување е познато како биолошка смрт. Дури и ако нема никаква шанса личноста да се врати во живот, во телото сè уште постојат живи клетки (но умираат). Од овде произлегуваат многу прашања за нашата природа: Што сме ние? Дали сме свест која исчезнува по настапувањето на смртта, или сме збирот од нашите клетки?

Модерната наука долго се расправа со овој проблем. Научниците сметаат дека сме физички материјални битија, но имаме и „внатрешно јас“. Па кога сме навистина мртви? Кога исчезнува нашето внатрешно јас или кога умира последната клетка од нашето тело?

8. Ритам

10 факти за смртта од модерната наука

Кога станува збор за природна смрт, изгледа постои предвидлив ритам за тоа кога ќе умрете. Научниците се обидуваат да откријат дали можеби имаме биолошки циклус на смртта. Цикардијалниот ритам е биолошкиот часовник што контролира многу повеќе од спиењето. Тој ги контролира нашето расположение, апетит и слично. Изгледа дека луѓето кои умираат наутро имаат различен биолошки часовник, па дури и мозочна композиција, за разлика од луѓето кои умираат навечер.

Едно истражување спроведено во Калифорнија дало уште почудни резултати. Истражувачите сакале да откријат како се разликува мозокот на луѓето кои умреле ненадејно (неприродна смрт) од мозокот на луѓето кои умреле природно. Иако нашиот мозок не може да знае кога ќе загинеме во некоја несреќа, истражувачите откриле разлика во протеините на мозокот на луѓето кои умреле од природна смрт и оние кои загинале неочекувано.

9. Гени

10 факти за смртта од модерната наука

Разни гени го активираат моментот на смртта, но научниците сè уште не знаат зошто. Интересно е што некои гени продолжуваат да се активираат и некое време по смртта. Претходно се сметало дека гените, исто како и клетките, едноставно умираат. Но во мртов организам, некои претходно неактивни гени можат да се активираат од 24 часа до неколку денови по смртта.

10. Живот

10 факти за смртта од модерната наука

Сето ова покажува дека сепак има доволно „живот“ во овие гени по смртта на клетките. Со напредокот на науката и технологијата, моментот на смртта може дополнително да се одложи.

Некогаш сме сметале дека личноста без пулс е мртва. Сега почнуваме да ја гледаме поголемата слика – моментот на смртта е навистина флексибилен. Сите овие откритија за смртта поттикнуваат нови дискусии, експерименти и теории за животот. Многу научници се надеваат дека ќе можат да ги искористат овие концепти за да ја запрат смртта, барем до одреден момент. Сега бараме начин да ја спречиме мозочната смрт и да ги вратиме луѓето од точката од која нема враќање.

Погледнете и како можете да станете бесмртни според древните митови.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар