10 факти за мозокот што ги докажуваат неверојатните способности на човекот

10 факти за мозокот што ги докажуваат неверојатните способности на човекот

Нашиот мозок е неверојатен. Тој ни помага да си ги оствариме најголемите соништа и да ги постигнеме најтешките цели. Но, доколку сакаме да го искористиме целиот негов потенцијал, мора прво да разбереме како тој функционира. Прочитајте ги овие неверојатни факти за работата на мозокот што ќе ве остават целосно без зборови…

10 факти за мозочната функција кои ги докажуваат неверојатните способности на човекот

1. За нашиот мозок не постои разлика меѓу реалноста и фантазијата

Нашиот мозок реагира на секоја мисла и не може да направи разлика меѓу фактите и фантазијата. Тоа е причината зошто луѓето кои го гледаат светот низ розови очила се посреќни и зошто нашето тело го прифаќа плацебото како вистински фармацевтски производ.

2. Психичката работа не го заморува мозокот

Чувството на психичка исцрпеност се јавува поради нашите емоции. Составот на крвта која поминува низ мозокот за време на неговите активности останува непроменета. Но затоа, пак, крвта од вените на луѓето кои работат по цели денови значително се менува.

3. Најчесто мозокот работи автоматски

Половина од денешните мисли се всушност вчерашни. Токму затоа на песимистите им е толку тешко да го променат нивниот поглед кон светот. Тие треба буквално да си го „прочистат“ мозокот и да го принудат почесто да реагира на позитивен начин.

4. Го гледаме она за коешто размислуваме

Сите мисли се претвораат во животни искуства. На пример, ако сонувате да отидете во Париз, насекаде ќе гледате работи што ве потсетуваат на градот. Ако сакате да го смените светот околу вас, сменете ги вашите мисли.

5. На мозокот му треба тренинг, исто како и на нашите мускули

Мозокот не се разликува многу од мускулите. И нему му треба тренинг! Учење, вежби на свеж воздух, здрава исхрана, квалитетен сон, патување на нови места, нови активности, пишување забелешки, танцување, па дури и играње Тетрис – сето тоа е корисно за мозокот.

10 факти за мозочната функција кои ги докажуваат неверојатните способности на човекот

6. Мозокот никогаш не се одмора

Дури и кога спиеме, нашиот мозок продолжува со напорната работа. Неговата активност за време на спиењето е дури и поголема од онаа во текот на денот.

7. Повременото исклучување на мозокот е од витално значење

За да не потонеме во илјадниците негативни мисли, мора да се исклучиме и да му дадеме одмор на нашиот имунолошки систем. Не ја потценувајте моќта на активниот одмор. За нашиот мозок тоа е најкорисниот тип релаксација.

8. Добро е да заборавате по нешто, бидејќи така ја одржувате флексибилноста на нервниот систем

За да ги „зачува“ новите сеќавања, нашиот мозок мора да се ослободи од старите. Убаво би било кога би можеле да одлучиме што да запаметиме, а што да заборавиме. За да го направиме ова треба почесто да ги користиме информациите што сакаме да ги зачуваме.

9. Мозокот не може да почувствува болка

Нашиот мозок реагира на болка, но не може самиот да ја почувствува бидејќи нема доволно рецептори. Но, ова не се однесува на многуте крвни садови, нерви и ткива околу мозокот.

10. Можеме да го промениме мозокот

Секоја активност придонесува за создавање нови нервни врски во мозокот. Ако мислиме дека не сме способни да добиеме унапредување, таа идеја само ќе се зацврсти во нашата потсвест со текот на времето. Но, ако користите реченици од типот „Ќе успеам“, мозокот самиот ќе ви пружи можности да си ја остварите целта.

Ние сме способни да оствариме сѐ што ќе посакаме. Само треба да веруваме.

Доколку сакате да дознаете повеќе за овој моќен човечки орган, прочитајте ги следниве неверојатни факти за мозокот кои ќе ве замислат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар