10 цитати од Агата Кристи

10 цитати од Агата Кристи

Дамата Агата Кристи е една од најпознатите писателки на криминалистички новели. Нејзините ликови се синоним за сѐ што е британско. Таа ги креираше двата од најпрепознатливите карактери во криминалистичките романи, легендарниот белгиски детектив Херкул Поаро и Г-ѓа Марпл.

0-10-citati-od-agata-kristi-kafepauza.mk

Овие 10 цитати се директно кажани од Агата Кристи или се пренесени преку некој од нејзините ликови во новелите.

1. „Звучи невообичаено, но само кога ќе ги видите луѓето во апсурдни и смешни ситуации, станувате свесни колку ги сакате.“ (од нејзината Автобиографија)

2. „Невозможното не може да се случило, па оттаму невозможното мора да било возможно и покрај тоа што изгледало поинаку.“ (Убиство во Ориент Експрес)

3. „Мајчината љубов за своето дете не може да се спореди со ништо друго на светот. Не познава никаков закон, ниту сожалување. Се спротивставува на сите нешта и безмилосно го уништува она што ќе ѝ застане на патот.“ (Кучиња на смртта)

4. „’Поаро’, реков јас. ‘Размислував.’

’Вежба достојна за почит пријателе. Продолжете.’“ (Опасност во Енд Хаус)

(1)-10-citati-od-agata-kristi-kafepauza.mk

5. „Археологот е најдобриот сопруг кој една жена може да го има. Колку е постара, толку повеќе тој е заинтересиран за неа.“ (Агата Кристи)

6. „Никогаш не правете го сами она што другите можат да го направат за вас.“ (Страдањата на Херкул)

7. „Најдобро време да се планира нова книга е додека се мијат садови.“ (Агата Кристи)

8. „Никој не ги препознава значајните моменти од својот живот пред да биде предоцна.“ (Агата Кристи)

9. „Инстинктот е нешто чудесно. Ниту може да се објасни, ниту пак може да се игнорира.“ (Мистериозната афера во Стајлс)

10. „Никогаш не кажувај сѐ што знаеш – дури ни на личноста што ја познаваш најмногу.“ (Тајниот соперник)


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар