Топ 5 содржини за изминатата недела (9.5.-15.5)

Топ 5 содржини за изминатата недела (9.5.-15.5)

Што беше најпопуларно на Кафе пауза минатата недела?Топ 5 содржини за изминатата недела (9.5.-15.5)

1. Занимливости поврзани со англискиот јазик

Англискиот е доминантен меѓународен јазик во комуникациите, науката, деловното работење, воздухопловството, медиумите и дипломатијата. Влијанието на Британската империја е главната причина за првичното проширување на јазикот далеку од Британските Острови. По Втората Светска војна, растечкото економско и културно влијание на САД значително го има забрзано ова ширење на јазикот. Познавање на англискиот јазик се бара во работењето на извесни полиња, професии и занимања. Како резултат на ова, најмалку една милијарда луѓе зборуваат англиски барем на основно ниво. Еве некои навистина интересни факти за овој светски јазик, кои досега најверојатно не сте немале прилика да ги чуете.
.

2. Астрологијата и барањето прочка од партнерот

Имавте страшна кавга со вашиот партнер? Ја кажавте најлошата работа, во најлошиот момент и сега сте соочени со ситуација во која морате да изберете дали ќе ја поправите штетата или ќе дозволите во вашата врска да завладее лоша карма. Дали знаете искрено да побарате прочка? На тоа прашање одговор ќе ви даде астрологијата.
.

3. Како да ја преживеете испитната сесија?

На крајот на семестарот, многу студенти го жртвуваат нивното здравје за да успеат да ги завршат сите проекти на време и добро да се подготват за испитите кои следуваат. Во овој период од учебната година, спиењето е најчесто првата активност од која секој студент би се откажал, за да ги заврши сите обврски. И покрај тоа што многу студенти веруваат дека ќе го надополнат изгубениот сон кога ќе пројде сесијата, честите непреспани ноќи може да доведат до хронична несоница. Симптомите на хроничната несоница вклучуваат забавено реагирање за време на предавањата, проблеми со концентрација и зголемено ниво на нервоза.

За да го спречите тоа, еве неколку идеи кои ќе ви помогнат да се вратите назад на нормалниот начин на живот, после непреспаните студентски ноќи.
.

4. Летно освежување на вашите нокти

Како што се наближуваат топлите денови, девојките долгите ракави кои ги носеле во зимските денови со огромно задоволство ги заменуваат со куси, а голите раце ги разубавуваат со разни тренди алки и прстенчиња. Неизоставен дел од летната шема се и убаво средените нокти, кои делуваат уште пошик доколку се дизајнирани на уникатен начин, кој ќе ве направи забележителни и препознатливи.
.

5. Формите на љубовта

Љубовта ја среќаваме насекаде околу нас. Таа е дел од природата, дел од самите нас. Понекогаш ја изразуваме испишувајќи го зборот на разни креативни начини, друг пат одредени сцени од животот ни создаваат асоцијација за љубовта. Во трети случаи, природата не изненадува и ни ја покажува љубовта на својот, природен начин. Направивме селекција од фотографии кои на некој начин ја претставуваат љубовта. Уживајте во нашиот избор!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар