Топ 5 содржини за изминатата недела (6.6.-12.6)

Топ 5 содржини за изминатата недела (6.6.-12.6)

Ги издвојуваме петте содржини кои најмногу ги читавте на Кафе пауза во текот на изминативе седум дена.Топ 5 содржини за изминатата недела (6.6.-12.6)

1. Животот би бил совршен кога…

Животот би бил супер кога не би се случувале лоши работи, зарем не? Овие постери се продолжение на реченицата: „Зарем животот не би бил совршен кога…“, во кои ќе ги пронајдете секојдневните ситуации со кои сте се соочиле многу пати во животот.
.

2. Животни цитати кои ќе ве замислат

Честопати не знаеме да ги цениме нештата кои ни изгледаат мали, а всушност тие се оние кои се највредни. Живееме лутејќи се и мразејќи се едни со други, не размислувајќи колку луѓе има во светот што не почувствувале топла рака врз себе. Мечтаеме за богатство и луксуз, не мислејќи дека тие се само привремени, а душата е она што треба да ни претставува најголемо богатство за кое треба да се грижиме.
.

3. Костими за капење што не изгледаат добро на секого

Оваа летна сезона ќе биде преполна со различни опции за костими за капење. Некои ќе им прилегаат на вашето тело, некои не. Тоа што го носат моделите на модните писти, не секогаш изгледа така добро и на вашето тело.
.

4. Астрологијата и летните љубовни авантури

Летото е период кога се чувствува најмногу енергија како резултат на Сонцето, кое се наоѓа на највисоката позиција на небото. Во овој период, ќе му погледнете одблизу на животот и на љубовните врски.

Ова лето ќе се донесуваат многу одлуки на полето на љубовта. Сингл сте? – Ќе ви биде забавно кога ќе запознаете нова личност. Во врска сте? Но, врската ви е здодевна, па може да одлучите да ја прекинете. Одлуки, забава, енергија… Што ќе донесе ова лето за секој хороскопски знак?
.

5. Најинспиративните песни на сите времиња

Сите имаме по некоја песна која ја слушаме во моменти кога ни треба нешто ментално да нèподигне. Еве една подолга листа на инспиративни песни, песни кои нè поттикнуваат на некаква акција, кои нè потсетуваат на убавината на животот, песни кои ни го подигнуваат расположението кога ни е тоа потребно, кои нè потсетуваат кои сме и зошто сме. Тешко е да се изберат најдобрите помеѓу илјадниците песни со вакво дејство, но оние од оваа листа со сигурност имаат едно нешто заедничко – сите нè инспирираат да станеме подобри личности. Не заборавајте да ја надополните листата со некој ваш личен фаворит.

———————————————————————————————————————————————————–
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар