Како да препознаете мобилен телефон кој е прислушуван?

Денес е лесно да се прислушува телефон. Можно е дури и преку имејл или блутут на него да бидат испратени и инсталирани апликации кои од него ќе црпат информации и ќе ги праќаат до оној кој е заинтересиран за нив. Ако некогаш се посомневате дека вие сте жртва на таков напад, задолжително проверете го присуството на овие неколку знаци.

Како да препознаете мобилен телефон кој е прислушуван?

Батеријата брзо се троши

Апликациите кои го прислушуваат телефонот побрзо ја јадат батеријата. Тие работат и кога не го користите, па како последица на тоа батеријата многу брзо се троши.

Температура на батеријата

Ако температурата на батеријата е доста висока во моментите кога не го користите телефонот, тоа може да значи дека имате некој проблем со неа, но и дека можеби имате инсталирано софтвер за следење на комуникациите кој бара батеријата да работи малку повеќе.

Телефонот потешко се исклучува

Следењето на вашата комуникација е една од причините поради кои вашиот телефон се гаси побавно од вообичаеното. Истите апликации кои ја трошат батеријата бараат и подолго време за да се исклучат пред да се исклучи и телефонот.

Необјаснива активност

Ова може да се случи и поради други причини, но треба да знаете дека прислушуваниот телефон може често пати да се вклучува и исклучува или инсталира и апдејтира апликации без ваше барање.

Како да препознаете мобилен телефон кој е прислушуван?

Чудни СМС-пораки

Аматерското следење на комуникациите може да ви даде сигурен знак дека нешто се случува ако добиете некои чудни СМС-пораки од непознат број во кои има знаци кои не ги разбирате. Прислушувачите понекогаш користат СМС за да го инсталираат софтверот на телефонот кој сакаат да го следат, а ако таа инсталација не биде направена професионално и како што треба, се добиваат вакви пораки.

Погледнете ги податоците во сметката

Ако имате потрошено повеќе интернет сообраќај отколку што сметате дека сте можеле да потрошите, а телекомуникациската компанија нема ништо со тоа, можно е некој друг однадвор да го троши тој сообраќај извлекувајќи информации од телефонот.

Шумови во разговорите

Понекогаш може да е лоша врската, но понекогаш и уредите за следење придонесуваат за зуење и шумови во текот на телефонските разговори.

Дисторзија на гласот

Доколку ви се чини дека вашиот соговорник има роботски глас, тогаш задолжително проверете ги сите останати знаци на прислушувањето, затоа што има големи шанси тоа навистина да се случува.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

  1. Anonymous Reply

    AKO GO SAKASH GOSPOD. A TREBA.I SE VODISH PO NEGOVITE PRAVILA I DUSHATA TI E CHISTA OTI NETREBA DA TE PRISLUSHKUVA NIKOJ DOVOLNO STO TE GLEDA TOJ TOGASH POBARAJ DA BIDISH PRISLUSHKUVAN OTI NARODOT KE UCHI NA CHESNOSTA TVOJ.SAKAJ SE SEBE SAKAJ GO TOJ SHTO TE PRISLUSHKUVA.AKO NE OTIDE VO BEZNA.

    • Anonymous Reply

      bravo

Остави коментар