8-те најефективни игри и апликации коишто ќе ве научат брзо да пишувате на тастатура - Part 2

8-те најефективни игри и апликации коишто ќе ве научат брзо да пишувате на тастатура

5. The Typing Cat

8-те најефективни игри и апликации коишто ќе ве научат брзо да пишувате на тастатура

Овој веб-сајт има листа регуларни курсеви и опција да научите покомплексни лекции како HTML. Дури и да не сте заинтересирани за програмирање, изучувањето на курсот ги зголемува вашите способности и им помага на прстите да се запознаат со необични комбинации на зборови и интерпункциски знаци.

ЗАБАВНИ ИГРИ ЗА ПИШУВАЊЕ

6. ZТype

8-те најефективни игри и апликации коишто ќе ве научат брзо да пишувате на тастатура

Ова е игра за пишување со пукање. Играта има неколку бранови, или нивоа што мораат да бидат надминати. Мора да ги напишете зборовите пред проектилите да го уништат вашиот брод на дното на екранот. Одвреме-навреме се појавуваат подолги и покомплексни зборови.

7. Epistolary – Typing Chronicles

8-те најефективни игри и апликации коишто ќе ве научат брзо да пишувате на тастатура

Иако оваа игра не е бесплатна, вреди да инвестирате ако барате алтернативен начин да научите да пишувате побрзо. Во играта сте во улогата на младо девојче кое јава лисица и се наоѓа во измислен свет. Девојчето и лисицата заедно се борат против непријатели во форма на зборови.

8. Daily Quote Typing

8-те најефективни игри и апликации коишто ќе ве научат брзо да пишувате на тастатура

Во оваа игра корисниците имаат можност да пишуваат инспиративни цитати од познати лидери, научници и писатели како Марк Твен и Алберт Ајнштајн.

Погледнете ги и техниките што ќе ви помогнат да читате и до 200 книги годишно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар