5 апликации кои ќе ги разубават вашите фотографии

Доколку сте се прашувале зошто некои луѓе имаат толку прекрасни фотографии кои ги објавуваат на социјалните мрежи, особено на Инстаграм, треба да знаете дека тие поминуваат многу време во нивна обработка. Покрај добрата камера, вам исто така ви е потребна и соодветна апликација која ќе ги трансформира вашите фотографии во мали совршенства. Погледнете ги следниве 5 кои можат да ви помогнат во оваа цел…

5 апликации кои ќе ги разубават вашите фотографии

1. VSCO Cam

Корисниците на iOS и Андроид се вистински среќници бидејќи оваа апликација е наменета токму за нив. Со нејзина помош вие ќе заборавите на досадните и еднолични Инстаграм филтри и ќе имате многу голем избор за целосна трансформација на вашите фотографии. Големиот број филтри ви овозможува да си играте со силината на светлината, контрастот, големината, сенките… Со оглед на тоа што оваа апликација е малку напредна, на почетокот ќе ви биде тешко да се снајдете, но сигурни сме дека брзо ќе владеете со неа.

2. Snapseed

И оваа апликација е наменета за корисниците на iOS и Андроид. За разлика од претходната, Snapseed е многу едноставна за користење и нема да ви треба многу време ја сфатите. Штом направите фотографии, треба да ја отворите преку неа и потоа на екранот ќе добиете мени со различни можности за обработка. Тие јасно се разликуваат, па веднаш ќе забележите дека ќе можете да ја кратите фотографијата, да си играте со контрастот како и да користите различни филтри. Кога ќе ја одберете посакуваната опција, со едноставно повлекување на прстот кон десно или лево го зголемувате или смалувате ефектот кои сте го одбрале.

3. Pixlr

Оваа апликација покрај тоа што можете да ја користите на iOS и Андроид, вие исто така можете да ја користите и на вашиот компјутер. Таа е одлична за корисниците кои сакаат брзо и едноставно да ги обработат фотографиите, особено кога станува збор за отстранување грешки или линии. Ако вашата камера прави малку заматени фотографии, тие исто така можат да бидат обработени во оваа апликација. Вие лесно можете да ги коригирате недостатоците како заматеност, сенки или пресилен ефект на блицот.

4. Repix

Repix е одлична апликација која овозможува многу начини за обработка кои ќе ги доведат вашите фотографии до совршенство. Корисниците кои ја ценат естетиката и сакаат кристално јасни фотографии без сомнение ќе се воодушеват од многубројните можности кои ги поседува таа. Меѓу другото, вие на располагање имате и интересни филтри кои ќе ви овозможат да ги претворите вашите фотографии во постер или да направите ефект на лажен блиц. Доколку сакате експерименти, оваа апликација е совршена за вас. Таа е достапна за корисниците на iOS и Андроид.

5. Litely

Repix и Litely се многу слични апликации, кои имаат многу разлики, но прв поглед оваа апликација е многу поедноставна за употреба. Таа исто така овозможува и со едноставно повлекување на прстот да ги видите крајните резултати во споредба со оригиналната фотографија и на тој начин ви овозможува да забележите дали е неопходно да примените уште некоја можност за уредување. Таа е достапна само за корисниците на iOS.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар