14 помалку познати факти за Андроид

14 помалку познати факти за Андроид

Денес повеќе од милијарда мобилни телефони го користат оперативниот систем Андроид, па ова го прави еден од најпознатите. Погледнете неколку интересни и помалку познати факти за овој оперативен систем.

14-pomalku-poznati-fakti-za-android-kafepauza.mk

1. Оперативниот систем Андроид е направен од Android Inc. во 2004 година. Подоцна, во 2005, Гугл го купил за 50 милиони долари.

2. Оперативниот систем Андроид бил развиен како платформа за дигитални камери. Но, подоцна се сменил фокусот кон смартфоните кога се видел нивниот потенцијал.

3. Гугл го лансирал оперативниот систем Андроид на 5-ти ноември, 2007 година. Тој е софтверски систем базиран на Линукс.

4. HTC Dream или T_Mobile G1 е првиот смартфон кој користел Андроид. Телефонот е пуштен во продажба во 2008 година.

5. Оперативниот систем Андроид има повеќе од милијарда активирања на направи како смартфони и таблети.

6. Освен Андроид 1.0 и 1.1, сите останати Андроид верзии се крстени по некои слатки како Jelly Bean (гумени бонбони), Ice Cream Sandwich (сендвич од сладолед), Honeycomb (саке) и слично.

7. Оперативниот систем Андроид има повеќе верзии, а името на секоја верзија следи азбучен ред. Имињата на верзиите се: Astro, Bender, Cupcake, Donut, Eclair, Froyo, Gingerbread, Honeycomb, Ice Cream Sandwich, Jelly Bean, KitKat, Lollypop, Marshamllow и Nougat.

8. Дали знаете дека Андроид е отворен оперативен систем? Тој им овозможува на корисниците да го менуваат изворниот код. Ова им овозможува на производителите да додаваат свои функции на оперативниот систем.

9. Значењето на зборот Андроид е робот со човечки изглед. Ова се однесува на машки робот. Зборот за женски робот е Гиноид.

10. Енди Рубин, креаторот на овој оперативен систем, бил нарекуван Андроид. Името го добил додека работел во Епл поради неговата љубов кон роботите.

11. Во вселената постои направа која работи со Андроид. НАСА ги опремила вселенските роботи со Nexus S направите што го содржат овој оперативен систем.

12. Повеќето луѓе мислат дека логото исто така е Андроид, но ова не е точно. Името на маскотата на Андроид е Багдроид, иако ова не е официјално.

13. Едно од најдобрите нешта кои ги нуди Андроид се апликациите. Продавницата за апликации Google Play има повеќе од 48 милијарди апликации, од кои повеќето се бесплатни.

14. Денес Андроид се користи и за направи како Google Glass, паметни часовници и слично.

Погледнете и зошто да изберете Андроид смартфон.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар