10 генијални пронајдоци за коишто немавте идеја дека постојат - Part 2

10 генијални пронајдоци за коишто немавте идеја дека постојат

6. Модерен термометар

Следењето на вашите температурни промени кога сте болни, може да биде побрзо и полесно со овој уред (чини 100$). Користејќи 16 сензори, термометарот ја мери вашата температура за две секунди и истите ги снима на апликација.

7. Слушалки коишто можете да ги миете

Со овој уред (119$) повеќе нема да морате да користите големи и испотени слушалки. Тие имаат лента за глава која може да се отстрани и перничиња за уши коишто може да се перат во перална. Дополнително: Додека ги користите овие слушалки вие можете да одговорите на повик или пак да ја смените песната со допирање на десното уво.

8. Уред за допишување без мрежа

Се загубивте и останавте без мрежа? Тоа никогаш повеќе нема да ви се случи со уредот goTenna (199$)! Тој ви овозможува да им пишувате на вашите пријатели, без притоа да ви е потребна интернет или мобилна конекција. Ова работи едноставно: Вие и вашиот пријател треба да го имате овој уред заедно со соодветната апликација. Откако еднаш ќе се поврзете, слободно можете да комуницирате. Во шумата, дофатот на овој уред е до шест и пол километри, додека пак во градовите истиот е еден и пол километар.

9. Додаток за смартфон

Станува збор за мал уред од 3 инчи, WonderCube, единствениот додаток за вашиот смартфон којшто ќе ви треба во животот. Неговите осум различни намени вклучуваат полнење, батерија, вграден кабел и други функции што ќе ви помогнат во итни случаи.

10. Додаток за автомобил

Држете го телефонот подалеку од вас додека возите со HudwayGlass (49$). Станува збор за стакло што го поставувате на вашата контролна табла кое ќе ви ги покажува само важните работи клучни за вашето возење – како што се насоките или пак брзината.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар