Овие неверојатни дизајни во снегот инспирирани од концептот на круговите во жито се дело на артистот Сајмон Бек. Тој прави интересни геометриски фигури со специјални чевли за снег.
Чекор по чекор, оваа масивна слика била „втисната“ во штотуку навеан снег минатиот месец. Направена е во Колорадо, по идеја на Соња Хинричсен, која имала помош од пет волонтери.
Во чест на филмот „Бегство од Шошенк“, Ксионан Сан на еден лист хартија го сместил актерското дуо Морган Фримен и Тим Робинс. Делото од неговиот исклучително редок талент, можете да го погледнете на импресивното видео...
Верувале или не, мачињава што ги гледате на сликиве не се вистински фотографирани животинчиња, туку се слики нацртани со молив. Тие се дело на хонгконшкиот графички дизајнер Paul Lung...