анимација | Кафе пауза - Part 4

Радоста на подарувањето

Овој краток анимиран филм ја опишува радоста на подарувањето, а е дело на американскиот аниматор и режисер Кирстен Лепор за потребите на божиќното издание на едно детско шоу.

Ноќта кога бевме кралеви…

Знаеш дека си заљубен кога не можеш да заспиеш, затоа што реалноста конечно е подобра отколку сонот...

Зорт за благо, а колачите вон дофат

Прасето Орни по секоја цена се обидува да стигне до бисквитните колачи на фрижидерот, но притоа се фрустрира при секој обид, бидејќи тие се надвор од неговиот дофат.
Датум: 25 ное 2011
, Автор:

3:15 – време за будење

„3:15“ е краток 3Д анимиран филм кој започнува со будењето на еден робот, чија задача е да заврши непозната мисија. Филмот има одлична изведба и интересен развој на дејството. Креатори се петорица апсолвенти...
Датум: 29 окт 2011
, Автор:

Јурејќи низ светот за вистинската љубов

„Боб“ е 3Д анимиран филм кој раскажува приказна за еден хрчак кој неуморно, со огромна брзина, патува низ целиот свет со цел да стигне до својата вистинска љубов. Дали ќе успее во тоа?
Датум: 15 окт 2011
, Автор:

Не е онака како што изгледа

Повеќето луѓе не се толку чесни, за да ви поверуваат дека баш секогаш ја кажувате вистината, а оваа приказна сликовито прикажува дека работите честопати не се онакви какви што изгледаат од страна.

Чевлите на еден страшен човек

Како би можел да се чувствува еден чевел доколку е одделен од својот животен сопатник - другиот чевел? Не помирувајќи се со ваквата судбина, синиот чевел храбро тргнува да ја спаси својата сродна душа...
Датум: 12 сеп 2011
, Автор:

Копнеејќи по магијата на ѕвезденото небо

Мало девојче со огромна љубов кон астрономијата, живее во свет без ѕвезди, но има голема надеж, неуморно очекувајќи некаков знак на промена. Ова е тема на приказната во краткиот анимиран филм „Осветлување“ (Light Up).
Датум: 05 сеп 2011
, Автор:

Ранго (Rango)

Анимирано вестерн доживување за работите за кои не ни размислуваме и ги прифаќаме „здраво за готово“, а реално од нив ни зависи животот… Како што е водата...

Искривен опаш

Дев е горд сопственик на куче, но има еден мал проблем – неговото совршено милениче има крива опашка, а тоа ужасно му пречи.

Заљубениот хрчак Вил

Вил е упорен хрчак кој се обидува да разработи своја машинерија со цел да го покрене „љубовното тркало“.
Датум: 13 авг 2011
, Автор:

Апел до рајот

Краткиот анимиран филм „Апел до рајот“ е изработен од Дејвид Лисби, од колеџот „Ринглинг“. Интересната и инспиративна приказна на филмчето е надополнета со забавно замислените ликови...