За ведри летни утра – нови вкусови на Nestlé житарките без глутен

За ведри летни утра – нови вкусови на Nestlé житарките без глутен

За потрошувачите во Македонија, а посебно за оние чувствителните на глутен, овозможен е разновиден избор на безглутенски производи – Corn Flakes со вкус на чоколадо и Corn Flakes со мед и кикиритки.

(1) za-vedri-letni-utra-novi-vkusovi-na-nestle-zhitarkite-bez-gluten-www.kafepauza.mk

Компанијата Nestlé ја прошири понудата на производи без глутен со новите вкусни житарки за појадок – Nestlé Corn Flakes со вкус на чоколадо и Nestlé Corn Flakes со мед и кикиритки, како би одговорила на потребите на сѐ поголемиот број на луѓе кои  страдаат од целијачна болест, алергии на пченица или од некоја форма на нетолеранција на глутен.

Исхраната што не го вклучува овој протеин за некои стана стил на живеење, а за другите пак неопходност. Како основен проблем, заболените го наведуваат тешкото пронаоѓање на овие производи, кои истовремено би биле вкусни и хранливи и кои би имале пристапни цени. Доколку се земе предвид и фактот дека и многу мали количества на глутен може да го загрозат здравјето, неопходно е да се обезбедат посебни услови за производство на безглутенски производи.

Сите Nestlé aртикли без глутен, вклучувајќи ги и безглутенските житарки, имаат сертификат од Европската асоцијација на здруженијата на заболени од целијачна болест, како и препознатливиот знак, прецртано зрно од пченица, на пакувањето. Исто така, новите Corn Flakes вкусови збогатени се и со витамини.

Покрај континуираното збогатување на производите со хранливи материи, намалувањето на количествата на соли и шеќери се само дел од начините со кои оваа компанија придонесува кон решавањето на водечките проблеми на денешницата кога се работи за исхраната.

За да се уверите во добриот вкус и во хранливоста на Nestlé житарките без глутен, ви предложуваме креативни безглутенски рецепти кои ќе придонесат кон уживањето во вашиот нов омилен вкус:

Колачиња со Corn Flakes и со кокос без глутен

(2) За ведри летни утра – нови вкусови на Nestlé житарките без глутен

Потребни состојки:
  • 2 белки
  • 125 грама шеќер во зрно
  • 5 милилитри (1 лажиче) ванила без глутен
  • 750 грама Nestlé Corn Flakes житарки
  • 250 грама кокос
  • 125 грама чоколадо за готвење
Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 150°C. Направете две подлоги за колачиња од хартијата за печење. Во сад со средни димензии, разматете ги белките сѐ додека не се создаде пена. Постепено додавајте го шеќерот и матете сѐ додека не се стврдне смесата. Додадете ванила, житарки и кокос. Смесата распоредете ја на хартијата за печење во форма на колачиња, на растојание од 5 сантиметри едно од друго. Печете ги 15 дo 18 минути, сѐ додека колачињата благо не се заруменат. Кога ќе се изладат, прелејте ги со растопеното чоколадо и послужете ги.

Печено овошје со крцкав прелив без глутен

(3) За ведри летни утра – нови вкусови на Nestlé житарките без глутен

Потребни состојки:
  • 4 свежи манга со средна големина (исечете ги на парчиња со големина од 2,5 сантиметри)
  • 500 грама jaгоди
  • 45 грама (3 лажички) кафеав шеќер
  • 30 милилитри (2 лажички) сок од портокал
  • 5 грама (1 лажичка) мелен цимет
  • 500 грама Nestlé Corn Flakes житарки
  • 75 грама исечкани бадеми или ореви
Начин на подготовка:

Наредете ги парчињата од манго и јагодите во сад за печење, чие дно претходно ќе го намачкате со масло или со путер. Во чинија измешајте ги кафеавиот шеќер, сокот од портокал и циметот. Прелијте ги преку овошјето. Печете 20 минути на 190°C. Посипете ги Nestlé CORN FLAKES без глутен и оревите или бадемите преку овошјето. Печете уште 10 минути додека не се зарумени коричката, а овошјето да стане меко на допир со вилушка. Пријатно!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар