Во недела љубителите на винил-звукот ќе можат да разменуваат и купуваат/продаваат грамофонски плочи во арт-кафето „Концепт 37“

Во недела љубителите на винил-звукот ќе можат да разменуваат и купуваат/продаваат грамофонски плочи во арт-кафето „Концепт 37“

Во недела, на 7 ми мај, со почеток од 12.00 часот во арт-кафето„ Концепт 37“ по трет пат ќе се одржи продажба и размена на грамофонски плочи/винили.

vo-nedela-ljubitelite-na-vinil-zvukot-kje-mozhat-da-razmenuvaat-i-kupuvaatprodavaat-gramofonski-plochi-vo-art-kafeto-koncept-37-kafepauza.mk

Специјалниот гостин од Софија – Selector Lazy Face ќе донесе повеќе од петстотини  грамофонски плочи за продажба од разни музички жанрови (jazz, funky, soul, hip hop, reggae, rock, electro), a се очекува и присуството на DJ Chvare, Goce SAF, Тошо Филиповски и многу други локални колекционери.

Според организаторот на настанот Аритон Занев на минатиот настан во октомври се продале над 80 плочи, бројката на разменети не е позната а овојпат се очекува истата да надмине 100 продадени.

„Се сеќавам порано во Скопје размената на плочи се одвиваше во школските клупи или на градскиот асфалт, таа прекрасна маалска навика посакав да ја одржиме и да ја зачиниме со настан, а како најпогодно место последните два пати се покажа дека е Концепт 37. Имавме одлично искуство минатите два настани, очигледно луѓето се уште сакаат да уживаат во автентичниот звук на винилот, ова е ретка и одлична можност да ги донесете своите плочи кои повеќе не ги вртите и да ги размените за нешто што веќе сте посакувале да го имате“, вели Аритон.

Воедно во сабота 06.05.2017 од 22.00 часот, Selector Lazy Face ќе има свој ДЈ сет на кој се поканети сите љубители на весели реге вибрации.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар