Виталиа слави четвртина век од своето постоење

Виталиа слави четвртина век од своето постоење

Виталиа, брендот кој несомнено асоцира на хуманост, општествена одговорност но пред сè, брендот кој е најзаслужен за креирање јавна свест околу потребата од здрава исхрана како начин на живот и превентива, слави четвртина век од своето постоење. Виталиа е пример за успешна приказна како од идеја се стигнува до глобален бренд преку истрајност, следење на светските трендови за производство на здрава храна и секојдневна, непрестана борба против стереотипите во исхраната и лошите диететски навики.

Виталиа слави четвртина век од своето постоење

Во што е тајната?

„Виталиа започна како семеен бизнис и неговите почетоци се тесно поврзани со визионерската идеја на мојот татко Никола кој на свои 52 години, храбро се одлучува да започне бизнис кој во тоа време претставуваше сосема нов и непознат сегмент на пазарот. Инспириран и охрабрен од неговиот 7 годишен престој во Германија, ја започнавме приказната на Виталиа која денес бележи 25 години јубилеј. Самоуверено продолжуваме со нашата мисија преку креирање на иновативни здрави продукти да им овозможиме здрави прехранбени навики на потрошувачите ширум светот каде овој македонскиот бренд, е нивен бренд од доверба“ – изјави пред присутните на јубилејниот настан Искра Ветаџокоска Муцунска – косопственик на Виталиа.

Виталиа слави четвртина век од своето постоење

„Горд сум на брендот што го создадовме, горд сум на квалитетот и иновативноста што ги остваривме, горд сум на стручноста и лојалноста на нашите бројни вработени“ – изјави, Никола Ветаџокоски – основач на Виталиа.

„Континуирано инвестираме во производните процеси, модерни технологии и ги имплементираме сите релевантни стандарди за контрола на квалитетот со што го осигуруваме зголемувањето на домашните производствени капацитети и инвестирање во нови надвор од нашата држава со цел јакнење на довербата во брендот и на меѓународните пазари“ – изјави, Димитар Ветаџока – косопственик на овој македонски бренд.

Виталиа слави четвртина век од своето постоење

По 25 години на македонскиот но и светскиот пазар „Виталиа“ е цврсто етаблиран бренд чија визија е да продолжи да создава здрави производи со проверен квалитет, креирани според современите потреби на потрошувачите. Да продолжи да биде најверен пријател на децата, студентите, постарите, на сите генерации но и на оние со специфични потреби во исхраната, при тоа промовирајќи подобар и поквалитетен живот со вкоренети здрави навики.

Основачите со насмевка тврдат дека ќе продолжат да чекорат по патот на успехот, исполнет со работа, ентузијазам и страст. Тие ќе продолжат да ја остваруваат својата мисија да останат општествено одговорна компанија, која од самото основање е целосно фокусирана на развивање, подигнување и унапредување на свеста на потрошувачите и промена на потрошувачките навики, како една од основите за здрав, квалитетен и долг живот.

Виталиа слави четвртина век од своето постоење

Производите на „Виталиа“ се извезуваат во повеќе од 55 земји, на 5 континенти и тоа Европската Унија, Америка, Австралија, Јапонија, Блискиот исток, Русија, Индија, Либан, ОАЕ, Казахстан, Бразил, Сејшели…

Како резултат на квалитетните и оригинални производи, добрата дистрибуција и спремноста да се задоволат специфичните барања на купувачите, денес брендот „Виталиа“ е присутен во најпознатите светски трговски синџири како: Aldi, Auchan, Tesco, Kaufland, Metro, Billa,Veropulos, Carrefour, Spar, Merkator, Konzum, Delhaize, Wholefoods, DM, а од пред две години Виталиа брендот е присутен и насветската online продавница amazon.com како и на рафтовите на Wholefoods USA и Канада.

Виталиа слави четвртина век од своето постоење


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар