Уште еднаш потврдена позицијата на Македонски Телеком како оператор на најдобрата мрежа

Потврдено од корисниците и независни агенции за тестирање на мрежите

Уште еднаш потврдена позицијата на Македонски Телеком како оператор на најдобрата мрежа

Најголемиот дел од граѓаните на Република Македонија сметаат дека мрежата на Македонски Телеком е најдобра во земјава и дека ги оправдува нивните очекувања. Резултатите се добиени од истражувањето на реномираната агенција „Брима“ – „Аспекти и генерална перцепција на телекомуникациските оператори“, спроведено во октомври оваа година и ги опфаќаат и фиксната и мобилната мрежа. Корисниците сметаат дека Телеком има најдобар квалитет на говорни услуги, но и најстабилен и најсигурен мобилен и фиксен интернет.

„Ова признание ни е посебно драго затоа што доаѓа од корисниците и е резултат на постојаните инвестиции во мрежата и во новите технологии. Планираме и понатаму да продолжиме со инвестиции, кои не само што ќе овозможат најдобри и најиновативни услуги, туку и ќе ја поттикнат дигитализацијата во општеството“ – истакна Андреас Елснер, Главниот извршен директор на Македонски Телеком.

Уште еден доказ за квалитетот на мрежата се и резултатите од тестирањето на компанијата P3 Communications, која на Македонски Телеком му додели P3 „Best in Test“ сертификат, што е меѓународно признат доказ за квалитетoт на мобилната мрежа. Независното истражување, спроведено во ноември годинава, потврди дека мобилната мрежа на Македонски Телеком ги има најдобрите резултати за мобилен интернет и за говорни услуги. Оваа година, компанијата го достигна највисокиот резултат постигнат во Македонија, со 901 од 1000 можни поени. P3 сертификатот е широко прифатен како независен и репрезентативен резултат од тестирањето на мобилните мрежи, бидејќи се базира на реална споредба на конкурентите на одреден пазар.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар