Topsi: Банкарски услуги од млади за млади

Кога целната група се состои од млади луѓе на возраст до 28 години кои поради својата разноликост преферираат отворена, слободна комуникација, сакаат совети и препораки од релевантни извори, бараат простор и можност да се изразат, кои се храбри и природно индивидуални и се повеќе од 300.000 на број, тогаш навистина е предизвик за една компанија да се обиде не само да им се обрати, туку и да им понуди услуги кои ќе бидат и прикладни, но и прифатени.

(1) Topsi: Банкарски услуги од млади за млади

Во таа насока, Стопанска банка АД – Скопје за своите сегашни и идни млади клиенти заедно со актерите Тино и Атанас ги креираше и промовираше TOPSI банкарските услуги кои имаат за цел да создадат отворен канал за комуникација помеѓу Банката и младите.

(2) Topsi: Банкарски услуги од млади за млади

TOPSI клиентите ќе добиваат:

  • трансакциска сметка
  • бесконтактна дебитна картичка
  • бесплатни i-bank услуги
  • супер попусти и зделки со специјална ID картичка но и,
  • ќе додадеме и многу други придобивки заедно

За TOPSI клиентите е изработен виртуелниот простор topsi.mk од каде Банката на опуштен и забавен начин директно ќе комуницира со нив. Банката на овој начин примарно ќе им понуди поддршка во разбирањето на банкарските услуги и изборот на најсоодветните услуги за секој клиент одделно. Сепак, доминантно презентацијата на TOPSI ќе биде преку i-bank store филијалата која најмногу се вклопува со идеите на младите за изгледот на банките во иднината.

(3) Topsi: Банкарски услуги од млади за млади

Преку достапноста на Банката на сите канали и уреди (мобилен, телефон, компјутер, банкомат) како и присутноста на социјалните мрежи и канали за комуникација кои младите ги преферираат, се надеваат ќе добијат предност во нивната заложба да станат партнер на младите и заедно да ги градат идните банкарски трендови во склад со нивните амбиции и потенцијали.

(4) Topsi: Банкарски услуги од млади за млади

Затоа, во следниот период, преку актерите Атанас и Тино и заедно со нивната млада заедница, ќе се обидат да ја креираат првата кул банка преставувајќи им бројни креативни предизвици на младите. Сите што ќе се вклучат во предизвиците ќе имаат можност да освојуваат вредни TOPSI подароци. За тоа што точно ќе се случува и какви изненадувања следуваат, може да дознавате на topsi.mk.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар