Т-Мобиле донираше дел од приходите од СМС за Нова година

Од донацијата ќе се отворат центри за рана едукација за деца од маргинализирани средини

2-t-mobile-donirashe-del-od-prihodite-od-sms-za-nova-godina-kafepauza.mk

Т-Мобиле Македонија донираше дел од приходите од СМС за Новогодишната ноќ. Со секоја испратена СМС граѓаните придонесоа за отворање на центри за ран детски развој. Овие центри се алтернатива за градинките во рурални и маргинализирани средини.

4-t-mobile-donirashe-del-od-prihodite-od-sms-za-nova-godina-kafepauza.mk

Отворањето на овие центри е дел од долгорочниот проект на Фондацијата Т-Мобиле за Македонија и УНИЦЕФ – „Првите 5 најважни на свет“.
Целта на партнерството на УНИЦЕФ и Фондацијата е да се подигне свеста за важноста на раната едукација и да се отворат што е можно повеќе центри низ Македонија, со цел децата кои доаѓаат од ранливи средини да добијат еднаква можност за рана едукација, како и нивните врсници кои посетуваат градинки.

5-t-mobile-donirashe-del-od-prihodite-od-sms-za-nova-godina-kafepauza.mk

Децата во првите 5 години од животот го достигнуваат својот најголем развој и токму затоа оние деца што посетуваат квалитетни предучилишни програми имаат подобар успех во училиште и воопшто во животот. Досега преку партнерството на УНИЦЕФ и Фондацијата отворени се осум центри, а во текот на годината ќе се отворат уште толку.

3-t-mobile-donirashe-del-od-prihodite-od-sms-za-nova-godina-kafepauza.mk

Од средствата кои Т-Мобиле дополнително ги донираше бројот на центри ќе се зголеми за уште два.

Во акцијата може да се приклучат поединци и компании со донација на бројот 143 555.

1-t-mobile-donirashe-del-od-prihodite-od-sms-za-nova-godina-kafepauza.mk 6-t-mobile-donirashe-del-od-prihodite-od-sms-za-nova-godina-kafepauza.mk 7-t-mobile-donirashe-del-od-prihodite-od-sms-za-nova-godina-kafepauza.mk

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар