Светлана Црнокрак – Заштитно лице на премиум брендот ПРОБаланс

Хрватската фармацевтска компанија ФармаС ја избра Светлана Црнокрак за заштитно лице на својот премиум бренд – пробиотикот ПРОБаланс за македонскиот пазар.

Ексклузивната промоција на заштитно лице се одржа во клуб ресторанот МКЦ, пред повеќе од 200 гости, претставници од здравството и медиумите.

„Главна причина зошто сум заштитно лице на брендот ПРОБаланс, пред се, е тоа што станува збор за природни производи, пробиотици со премиум квалитет кои се грижат за здравјето на целото семејство. Јас, мојот сопруг и постарата ќерка во различни ситуации ги користиме PROBalans капсулите и PROBalans Имуно, додека за мојата помала ќерка ги употребував PROBalans baby капките. Производите имаат форма прилагодена за сите (капсули и капки), содржат витамини Б, Ц, Д и Цинк, кои дополнително го поттикнуваат имунолошкиот систем и екстракти од камилица и нане докажани во народната и традиционалната медицина. Со еден збор, овие производи се се’ што му е потребно на целото семејство при проблеми во дигестивниот систем и со имунолошкиот систем“, рече Црнокрак пред многубројните гости.

Според Филип Ачкоски, регионален директор на компанијата (за Македонија, Бугарија, Албанија и Косово), „Светлана Црнокрак е личност која целосно го отсликува брендот. Силна, успешна жена од јавниот живот и мајка на две деца, но најважно, промотор на здравјето и здравиот начин на живот“.

Со овој настан, хрватската фармацевтска компанија прави исчекор во насока на доближување на производите кон јавноста. „ПРОБаланс“ е првиот ФармаС-ов бренд – пробиотик, кој речиси две години е присутен на македонскиот пазар и во регионот. Станува збор за иновативен и квалитетен производ – плод на долготраен процес на истражувања, анализи и следење на неговите ефекти од страна на водечки хрватски стручњаци. Во гамата производи на пробиотикот ПРОБаланс спаѓаат ПРОБаланс капсулите, ПРОБаланс Имуно и ПРОБаланс Бејби наменети за различна примена кај возрасни и деца.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар