Со заеднички сили на Пакомак и Шпаркасе Банка до заеднички придобивки за поздрава животна средина

Со заеднички сили на Пакомак и Шпаркасе Банка до заеднички придобивки за поздрава животна средина

Денес во спортскиот центар „Борис Трајковски“ беа доделени наградите за проектот „Рециклирање?! – КАЖИ ДА!“ кој веќе трета година по ред ги опфаќа основните училишта во Скопје.

2-so-zaednichki-sili-na-pakomak-i-shparkase-banka-do-zaednichki-pridobivki-za-pozdrava-zhivotna-sredina-kafepauza.mk

31.344 ученици од 60 основни училишта во општините Гази Баба, Карпош, Центар, Аеродром, Ѓорче Петров и Кисела Вода цела учебна година организирано собираа пластични шишиња, добиваа донација од течен сапун од Пакомак, и учеа за важноста од селектирање и рециклирање на амбалажниот отпад, времето на распаѓање на материјалите во природата, енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија со цел да го увидат бенефитот од правилното однесување со амбалажниот отпад и заштитата на животната средина.

Иницијаторите на овој проект, Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување Пакомак и Шпаркасе Банка Македонија веќе трета година по ред ги доделуваат наградите за најдобрите училишта инволвирани во проектот.

Оваа година добитници на шесте главни награди се најдобрите училишта на ниво на општина, а секако се доделија уште вкупно 12 награди за второ и трето-пласираните училишта на ниво на општина.

Во учебната 2014/2015, овие ученици собраа 1.500.000 пластични шишиња, односно 37.400 килограми пластична амбалажа, што укажува на тоа дека тие ги разбираат предизвиците на денешното живеење и учат како да предизвикуваат најмало можно влијание врз животната средина и живиот свет.

1-so-zaednichki-sili-na-pakomak-i-shparkase-banka-do-zaednichki-pridobivki-za-pozdrava-zhivotna-sredina-kafepauza.mk

„Ме радува фактот што младите генерации ги препознаваат предизвиците со кои се соочува планетата Земја и нивната едуцираност и посветеност за почитување на еколошките стандарди. Тие се нашите амбасадори, најголемите гласноговорници, нашата иднина. Затоа освен што ја наградуваме нивната посветеност и детерминираност, чувствуваме одговорност и да го развиваме, подобруваме и унапредуваме овој проект и да му дадеме дополнителна вредност. Нашите идни клучни чекори се јакнење на постоечките и развој на нови механизми за олеснување на активностите околу рециклирањето на амбалажниот отпад, но и поголеми придобивки за учениците, училиштата и сите други ангажирани субјекти“ – изјави Филип Ивановски, извршен директор на Пакомак.

„Грижата за околината е еден од нашите приоритети кога се работи за проекти од општествена одговорност. Стратегијата и идентитетот на Шпаркасе Банка Македонија и општо на Шпаркасе и Ерсте Групацијата вклучува безрезервна поддршка на проекти за поздрава и почиста животната средина. Ваквите стандарди се вградени и во кредитната политика на Банката преку финансирање на проекти кои се однесуваат на заштита на животната средина, а воедно ги стимулираме нашите вработени да ги применуваат еко-стандардите во секојдневното работење. Преку проектот ‘Рециклирање – Кажи ДА!’, Шпаркасе Банка Македонија во соработка со Пакомак ги промовира еколошките стандарди кај најмладите генерации – ученици од основните и средните училишта. Оваа година главни промотори на проектот беа околу 60-тина основни училишта во Македонија кои воедно се и заслужни за постигнување на импозантната бројка од 1,5 милион собрани пластични шишиња за рециклирање. Оттука произлегува и нашата инспирација за понатамошна поддршка и наградување на училиштата за вложените напори“ – изјави Тодорка Сајкова, Директор на Службата Маркетинг и комуникации во Шпаркасе Банка Македонија.

Рециклирањето на амбалажниот отпад во ниту едно општество не се иницира само од себе и затоа целта на Пакомак со овој проект, освен селектирањето на амбалажниот отпад и подобрувањето на квалитетот на животот, беше и пренесување на знаењето и промовирање на добрите еколошки практики од генерација на генерација. Исто како и во процесот на рециклирање каде една вредност раѓа нова.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар