Со какви емоционални предизвици се соочува вашето дете во 21. век?

За здрав и хармоничен развој на личноста, на секое дете му е потребна топла семејна атмосфера во која ќе се чувствува сакано, среќно и сфатено од страна на останатите членови. Ова е особено значајно за оние деца коишто се поемотивни, хиперактивни, емпатични, имаат проблем со нивното однесување или фокус, страдаат од аутизам, анксиозност, депресија, пречки во говорот, когнитивниот развој или некаков медицински проблем.

Вашето дете е различно? Преземете активни чекори за наскоро да го видите поздраво, посреќно и урамнотежено (Гаспар Центар за психофизичко здравје)

Децата, адолесцентите, како и возрасните во текот на својот живот, може да се сретнат со бројни нарушувања и проблеми. Децата во развој се најранлива категорија, бидејќи во овој период од животот, ним им е потребна силна морална поддршка и помош од луѓето коишто се во нивна близина и директно извршуваат влијание врз нивниот понатамошен тек на животот. Создавањето и одржувањето на здрава психолошка клима во едно семејство, игра улога на гаранција за соодветен развој на детето и му овозможува самото да дојде до откривање на сопствените потенцијали и можности.

Резултатите од воспитувањето на секое дете, зависат пред сѐ од ставот на родителите коишто одгледуваат „поинакво“ дете, степенот до кој тие умеат да ги препознаат карактеристиките на разните симптоми во неговиот психофизички развој, како и од одржувањето на односи базирани на почит и разбирање меѓу членовите на семејството. Дури и оние родители коишто имаат огромно разбирање за состојбата на своите деца, искусуваат многу комплексни и непријатни емоции, но истовремено сосема е нормално да ги имаат, бидејќи и самите тие поминуваат низ психичка траума, чувствувајќи се немоќно да му помогнат на своето чедо.

Продолжете со читање за да дознаете за Гаспар центарот за психофизичко здравје.

Како и да е, прифаќањето на реалната ситуација во која се наоѓа вашето дете, не значи дека не треба да преземете ништо околу тоа, напротив, значи дека треба да сте спремни за акција и да тргнете во потрага по изнаоѓање на оптимално решение за проблемите со кои тоа се соочува.

Вие како родител, имате задача пред сѐ:

  1. Комплетно да ја разберете состојбата на вашето дете
  2. Да ги прифатите и имплементирате препораките од медицинските експерти, психолози, едукатори, дефектолози или терапевти за говор, со цел понатамошна едукација и балансиран развој на вашето дете.

Семејствата коишто одгледуваат деца со посебни потреби, треба да размислат да побараат помош од психотерапевти, со цел да имаат можност да ја изразат сета нивна болка и длабоки емоции, наместо да ги потиснуваат во себе и со самото тоа, да си направат штета на себеси и на детето чијшто живот зависи од нив.

Вашето дете е различно? Преземете активни чекори за наскоро да го видите поздраво, посреќно и урамнотежено (Гаспар Центар за психофизичко здравје)

Како родителите коишто имаат различно дете да си помогнат сами на себе?

Со цел да си помогнете себеси и подобро да се справите со вашата сложена емоционална состојба, препорачливо е да примените некои од следниве совети:

  1. Прифатете ја ситуацијата на вашето дете онаква каква што е и да престанете да се прашувате зошто ова ви се случува токму вам. Запомнете дека со сите ваши стравови и негативни мисли, извршувате директно влијание врз состојбата на вашето дете, а тоа ги чувствува вибрациите на интуитивно ниво. За вашето дете да има успешна иднина, обидете се да ја пронајдете силата во самите себе и продолжете напред со главата горе.
  2. Никогаш не го сожалувајте вашето дете зашто тоа е различно од останатите другарчиња. Запомнете дека вашето дете е подеднакво прекрасно и со потенцијал за успех во животот, како и останатите.
  3. Подарете му ја на вашето дете сета љубов и топлина со којашто располагате, но запомнете дека во вашиот дом има и други членови на кои сте им потребни. Пронајдете го вистинскиот баланс.
  4. Осигурете се дека сите членови на вашето семејство имаат прилика да работат на нивниот личен развој и да живеат исполнет живот. Станете свесни дека вашето дете, уште во првите месеци од неговиот живот, треба да чувствува стабилност и спокојство околу себеси.
  5. Организирајте го вашиот живот на соодветен начин, со цел никој во вашето семејство да не се чувствува дека треба да се жртвува себеси и својот личен живот, во име на детето со поинакви потреби.
  6. Не се обидувајте да го заштитите вашето дете од сите проблеми коишто се нормална појава во сечиј живот. Доколку здравствената состојба на вашето дете го дозволува тоа, составете листа од едноставни домашни обврски коишто тоа може да ги исполнува. На тој начин ќе му дадете цел, фокус и ќе му помогнете да сфати дека и покрај препреките, тоа сепак е способно за многу нешта и неговиот/нејзиниот живот е многу вреден. Воедно, по успешното завршување на обврската, можете да му дадете некоја симболична награда, со којашто ќе го мотивирате да биде послушно и исполнително и наредниот пат кога ќе има задача.

Вашето дете е различно? Преземете активни чекори за наскоро да го видите поздраво, посреќно и урамнотежено (Гаспар Центар за психофизичко здравје)

Како родителите можат да му овозможат среќна, успешна и балансирана иднина на своето дете?

Центарот за психофизичко здравје Гаспар во Скопје нуди бројни успешни решенија за проблемите од овој вид, коишто за жал сѐ почесто ги среќаваме кај децата (и возрасните) во Македонија. Бројот на пациенти е навистина загрижувачки, а нивото на свест е сѐ уште многу ниско. Македонија е земја во развој, менталитетот и свесноста за грижата околу психичкото здравје е за жал на незавидно ниво и токму тоа е причината за отворањето на Гаспар центарот за комбинирани терапии, во кој се применува комбиниран пристап од неинванзивни модерни светски технологии, со докажан успех.

Гаспар центарот е единствен од овој тип во Република Македонија, којшто ги обединува сите аспекти на психофизичкото здравје во целост каде што терапевтите ќе направат сѐ што е во нивна моќ да ви помогнат да се чувствувате поздраво и побалансирано. Центарот за психофизичко здравје ГАСПАР е секогаш подготвен да ви помогне вам и на вашите деца.

Погледнете дел од нивните услуги, наменети за децата со разни психолошки нарушувања:

1. ДЕФЕКТОЛОГИЈА

Вашето дете е различно? Преземете активни чекори за наскоро да го видите поздраво, посреќно и урамнотежено (Гаспар Центар за психофизичко здравје)

Дефектологијата е гранка на науката, која се занимава со проучување на принципите и карактеристиките на развојот на децата со физички и психички нарушувања, како и со проблематиката во нивното обучување и воспитување. Во прекрасно уредениот кабинет по дефектологија, професионалниот тим ќе му помогне на вашето дете во:

  • Развојот на психомоториката
  • Развојот на грубата моторика
  • Развојот на фината моторика
  • Развојот на вниманието
  • Елиминирање или намалување на тешкотиите со пишување, читање и сметање
  • Примена на арт, музичка, анимал и драма терапија

Пред да започне тимот со работа, врши:

Опсервација и изработка на индивидуална програма.
Дијагностика за аутизам и други первазивни развојни нарушувања со поставување на протокол за работа заедно со проф.Др. Владимир Трајковски, редовен професор од Институтот за дефектологија, при УКИМ.

Како изгледа еден третман по Дефектологија?

Третманите се индивидуални, а вклучуваат 45 минути активна работа, во модерно уредени кабинети, со сите потребни реквизити.

2. НЕУРОФИДБЕК

Вашето дете е различно? Преземете активни чекори за наскоро да го видите поздраво, посреќно и урамнотежено (Гаспар Центар за психофизичко здравје)

Неурофидбек е современ, 100% неинванзивен и ефективен метод за мозокот. Со неурофидбекот се врши тренинг на мозокот, кај децата и возрасните, со или без никакви нарушувања, при што мозокот учи да функционира поефикасно. Третманот помага за:

  • Зголемување на капацитетот за учење и менталната острина (чувство на поголема будност, јасност, фокус и спокој)
  • Подобрување на сонот (поквалитетно спиење, после кое се будите свежи и одморени)
  • Менаџирање со секојдневниот стрес и постигнување состојба на релаксација и баланс
  • Подобрување на расположението и намалување на грижите
  • Подобри резултати во сѐ што прави вашето дете
  • Ги подобрува односите со другите луѓе, целокупната здравствена состојба и личните цели за развој, преку зголемена стабилност на емоциите и спокој
  • Докажано е дека им овозможува на музичарите, танчерите и актерите да станат подобри во нивната работа, благодарение на подобрата синхронизација на телото и умот.

Неурофидбек третманот помага и во подобрување на:

  • Фокусот и вниманието
  • Подобра меморија
  • Контрола врз однесувањето
  • Депресија
  • Анксиозност
  • Фобии
  • Стравови
  • Аутизам
  • Даунов синдром
  • Растројство на вниманието
  • Хиперактивност
  • Пречки во говорот…

Како изгледа еден третман по Неурофидбек?

Третманите се индивидуални, а вклучуваат 30 минути смирено и фокусирано седење на удобна фотелја при што пациентот единствено треба да ги следи игрите на екранот, додека на левата и десната хемисфера му се приклучени електроди коишто ја мерат неговата/нејзината мозочна активност во реално време.

Белешка: Имајте на ум дека неурофидебкот е исклучително ефикасна метода за подобрување на гореспоменатите состојби, само доколку лицето (дете или возрасен) коешто ги посетува терапиите, изнајде начини да ги елиминира евентуалните лични проблеми коишто секојдневно доведуваат до влошување на неговата/нејзината нарушена здравствена состојба. Доколку не знае како да си помогне самиот, клиентот е препорачливо да се обрати на:

3. ПСИХОТЕРАПИЈА

Вашето дете е различно? Преземете активни чекори за наскоро да го видите поздраво, посреќно и урамнотежено (Гаспар Центар за психофизичко здравје)

Зошто психотерапија?

Психотерапевтот ги поттикнува своите клиенти да ги спознаат своите животни вештини, коишто имаат ефект долго време после психотерапевтската сесија. Психотерапијата е особено ефикасна за справување со депресијата и анксиозноста, како најчести психички предизвици во 21 век, и кај децата и кај возрасните лица. Психотерапевтската сесија се одвива во времетраење од еден час и се фокусира на конкретни цели и теми коишто клиентот сака да ги постигне или истражи. Тоа значи дека, доколку вие или вашето дете одлучите да посетувате психотерапевтски услуги, можете да се договорите заедно со терапевтот на кои конкретни промени би сакале да се посветите.

На кој начин психотерапијата му помага на клиентот?

Процесот на психотерапија може да им помогне на лица од сите возрасти да ги разбудат своите потенцијали, да работат на своите предизвици, да се насочат кон она што го сакаат и да ја прошират свесноста за себе. Во нивната работа, стручњаците применуваат научно докажани методи, со цел да им помогнат на луѓето кон целта за постигнување на личен раст и развој.

Може да се каже дека главна придобивка од посетувањето психотерапија, е тоа што им дава можност на клиентите да разговараат со друг човек, и тоа стручен. Тоа му овозможува на клиентот да формира нов начин на гледиште на тешките проблеми со коишто се соочува и да му помогне да се придвижи чекори напред, кон изнаоѓање на решение за истите. Клиентите можат да почнат подобро да се запознаат и разберат на самите себе, нивните цели и вредности, како и да оформат нови вешитини за подобрување на односите коишто ги имаат со другите луѓе.

*Гешталт метода по психотерапија во Гаспар

Во Гаспар центарот се применува најбараната Гешталт метода. Главена особеност на Гешталт терапија, е свесноста. Свесноста се гледа како обележје на една здрава личност и тоа е целта на оваа терапија. Кога индивидуите се самосвесни, тие се способни и за саморегулација во нивното опкружување.

Гешталт терапијата има успешна примена кај деца, тинејџери и возрасни лица кои имаат нарушувања во расположението, проблеми со однесувањето, траума, тага/загуба на личност, компулсивно коцкање, злоупотреба на супстанци, зависност од алкохол и друго, пореметувања во исхраната, зависност од секс, депресија, анксиозност и други поврзани состојби. Важно е да се напомене, дека Гешталт терапијата подразбира работа на личниот раст и развој, што укажува на фактот дека психотерапијата е корисна за нас, не само во периодите кога се соочуваме со одредени потешкотии.

Освен овие терапии коишто во овој текст ги посочуваме за децата (но не исклучиво) како најранлива категорија и иднината на нашата Македонија, во Гаспар Центар има и:

4. МАСАЖА

Вашето дете е различно? Преземете активни чекори за наскоро да го видите поздраво, посреќно и урамнотежено (Гаспар Центар за психофизичко здравје)

Во пријатен амбиент, вештата масажерка ќе ви направи медицинска, релаксациона или антицелулитна масажа, за подобра циркулација и севкупно здравје.

5. КВАНТНА МЕДИЦИНА

Вашето дете е различно? Преземете активни чекори за наскоро да го видите поздраво, посреќно и урамнотежено (Гаспар Центар за психофизичко здравје)

Методите на дијагностика на оваа нова медицинска гранка се заснова на познавање на електромагнетното поле на живите организми и нивните сопствени карактеристични фреквенции. Со нејзина помош се постигнува висок степен на лекување на преку 150 заболувања, без користење на медикаменти. Дел од болестите за коишто квантната медицина покажала неверојатни резултати се:

  • Алергии
  • Дископатија – Дискус хернија
  • Артритис
  • Бронхитис
  • Синуситис
  • Егзема
  • Псоријаза
  • Миалгии
  • Миозити
  • Неуродерматитис
  • Панкреатитис
  • Гастритис
  • Опстипации
  • Хроничен колитис
  • Тригеминална невралгија
  • Лумбагоишиалгија
  • Невропатии – неурити
  • Ринитис
  • Фарингитис
  • Епикондилитис

6. ИНТЕНЗИВНА ХОЛИСТИЧКА PLAY ТЕРАПИЈА (НОВО ВО МАКЕДОНИЈА)

Дел од тимот на Гаспар Центар неодамна посети обука за холистичка play терапија во центарот за холистичка терапија „Being Myself“ во Романија, каде што терапевтската програма во моментов се фокусира на деца дијагностицирани со аутизам, коишто немаат надминато 3-годишна возраст. Аутистичното и други деца со потреба од воспоставување социјален контакт и емоционални потешкотии, ги чувствува придобивките од холистичкиот пристап, во кој се земени предвид сите неопходни компоненти за негов хармоничен развој: физички-сензорни-моторни-емоционални-когнитивни.

Како изгледа холистичката play терапија?

Детето поминува интензивна терапевтска програма, во вид на реципрочна игра со терапевтот, којашто е персонализирана за психолошките потреби на детето во зависност од неговата фаза на развој.

Како изгледа холистичката терапија за родителите на детето и целото семејство?

Родителите се вклучени во индивидуалните и групните тераписки програми и во целиот процес добиваат советодавна поддршка и консултации од страна на терапевтите.

Обука и специјализирани повратни информации

Родителите и терапевтите вклучени во програмата си даваат фидбек после терапијата за постигнатите резултати.

Вашето дете е различно? Преземете активни чекори за наскоро да го видите поздраво, посреќно и урамнотежено (Гаспар Центар за психофизичко здравје)

Зошто да си закажете преглед во Гаспар Центар?

Доколку после сите овие можни придобивки за вашето здравје, не се уверивте во стручноста и благодатите што може да ги донесе Гаспар Центарот на здравјето и позитивата во вашиот целокупен живот, битно е да напоменеме дека член на нашиот тим лично ги искуси неверојатните придобивки од неурофидбек терапијата, во однос на менаџирањето со депресија и негативно размислување, и постигна неверојатни резултати во подобрување на когнитивните процеси, фокусот, меморијата, креативноста, постигнува подобри резултати во професионалниот и социјалниот живот, зголемувањето на свесноста за себеси, како и во подобрување на квалитетот на сонот и брзо и едноставно заспивање.

Младиот, симпатичен тим на Гаспар центар, ќе ве пречека со насмевка на влезната врата, ќе ве упати во соодветниот кабинет или ќе ви понуди кафе, коешто можете релаксирано да си го испиете на огромната тераса, заедно со дел од тимот или со вашето семејство. Овие дечки, имаат решение на речиси секој ваш проблем, многу се искрени и спонтани, нема да ве излажат и да ви ги земат парите доколку сметаат дека вашето место не е таму и не можат да ви помогнат. Битно е да се потенцира, дека нивните услуги навистина не се скапи и имаат разни пакети со попусти за рана уплата или комбо-патеки за оние на кои им се потребни две или повеќе услуги. Топло им го препорачуваме на сите луѓе кои страдаат од какви било психички, физички или емоционални потешкотии, како и за оние кои водат сметка за својот личен раст и развој и едноставно сакаат да се релаксираат или да го зголемат нивото на фокус.

Вашето дете е различно? Преземете активни чекори за наскоро да го видите поздраво, посреќно и урамнотежено (Гаспар Центар за психофизичко здравје)

Гаспар Центар за психофизичко здравје

Ул. Милан Марковиќ 48, Скопје (Во населба Козле, зад Кам маркет)

Закажете преглед на: 071 375 700

За повеќе информации околу попустите и пакетите, следете ги на:

Фејсбук: Гаспар Центар за психофизичко здравје / Gaspar Psychophysical Health Center

Инстаграм: @gasparcentar

Испратете им имејл порака на: info@gasparcentar.com или читнете содржини на нивниот блог

Работно време: понеделник – сабота 12:00 – 20:00 часот

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Остави коментар