Пуштен е во продажба романот „Последната приказна“ – најново остварување на македонската литературна сцена

Пуштен е во продажба романот „Последната приказна“ – најново остварување на македонската литературна сцена

Во нејзиниот живот имаше многу приказни. Нејзината остана последна да се каже.

Издавачката куќа „Ирис“ од Струга го објавува издавањето на „Последната приказна“, дебитантски роман на Ели Радеска. Романот може да го најдете во книжарниците на Три и Табернакул.

Раскажувачката структура на романот Последната приказна е осмислена во дваесет и осум поглавја, каде што на маестрален начин се прелева приказната за Бисера и за нејзините спомени од младоста.

Пуштен е во продажба романот „Последната приказна“ – најново остварување на македонската литературна сцена

Младата Бисера од грнчарското село на југот заминува во големиот град за целосно да ѝ се промени животниот тек и да доживее љубов како онаа опишана во највоздигнатите лирски песни и најубави бајки. Во тој голем и маглив град се „разбранува“ судбината на Бисера, измешана меѓу туѓите радости, таги и љубови, каде секој е должен сам да се справи со својот непребол. Како што животот ѝ носи радости и тага, таа сè повеќе се затвора во имагинарниот свет кој сама го креира. Таму таа ја има моќта да управува, да се сокрие зад животите и идентитетот на нејзините ликови. Трагањето по среќата носи ненадеен пресврт во нејзиниот живот после што веќе ништо нема да биде исто.

„Согласно нејзината возраст, вреди веднаш да се потенцира и тоа дека нејзината појава на младата македонска литературна сцена ќе донесе сигурно и еден нов вредносен репер и уште една одлична потврда за тоа дека годините и искуството не го прават секогаш авторот подобар, бидејќи одамна стана правило и кај нас токму младите да изненадуваат со својата зрелост, оригиналност и иновативност, а тоа, пак, се карактеристики што за развојот на секоја литература треба да бидат длабоко иманентни, неопходни и постојано посакувани.“ – Проф. д-р Звонко Танески

Пуштен е во продажба романот „Последната приказна“ – најново остварување на македонската литературна сцена

Сместена во средината на минатиот век, оваа прекрасна приказна која никого нема да остави рамнодушен, ќе ве натера љубопитно да го прочитате овој роман во еден здив, со неочекувана перипетија која во секој од нас ќе ги разбуди најдлабоките емоции.


„Пред него можев да ја соголам душата, да ја извадам маската, да бидам своја и слободна. Да ги извадам картите на маса, да речам еве, ова сум јас. Ме земаш или ме оставаш? Тој секогаш би ме зел, повторно и повторно, од почеток, и пак би ми се истопил во прегратка. Како коцка мраз врз вжештено тело. Тој беше мое платно, платно на кое ја проектирав сопствената среќа. Се отсликував во него, сите мои чувства, среќи и немири се рефлектираа во неговите темни очи небаре зрак светлина кој се одбива од огледало. Јас повторно бев заштитена и љубена.“ – извадок од книгата

Книгата е посветена на нејзината баба, и како што самата авторка кажува, инспирирана од раскажувањата на еден од нејзините идоли, големиот Андреевски. „Чувствував како и јас да растам и созревам пишувајќи ја книгата, и тоа ме радува и исполнува,“ кажува Ели додавајќи дека нема подобар начин од пишаниот збор за нечие име да остане запаметено.

„Заклучно, романот Последната приказна ни потврдува по кој знае кој пат дека сè е менливо освен спомените, но дека и штурата надеж и сознанието за минливоста на времето неумоливо ги менува не само чувствата на луѓето воопшто, туку што е можеби за нас сега и поважно и подвигателно – и чувствата на добрите читатели и почитувачи на литературата. Му го препорачуваме најсрдечно овој роман како драгоцено ковчеже за секој искрен, буден и посветен љубител на добрата книга.“ – Проф. д-р Звонко Танески

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар