Пункт Мебел - Модерни софи кои се чистат само со вода

Пункт Мебел – Модерни софи кои се чистат само со вода

Убаво средениот дом привлекува убави енергии. Посакуваме да изгледа беспрекорно, да изобилува со шарм и топлина, во него да ни биде убаво, да се релаксираме, да не размислуваме дали нешто ќе се упропасти. Но, од друга страна пак, мака ни е ако штофот од омилената софата го исфлекаме со кафе, вино, мастило или нешто друго. Пункт мебел нуди модели со неверојатни висококвалитетни штофови, кои се одржуваат и чистат само со вода.

Пункт Мебел - Модерни софи кои се чистат само со вода

Ваквите материјали се лесни за употреба благодарение на најновата Aquaclean технологија, каде дамките може да се отстранат само со малку вода. Штофот е изработен од молекуларен заштитен слој кој не пропушта да се дојде до ткаенината. Не остануваат траги, ниту пак оштетувања. Одржувањето никогаш не било полесно. Станува збор за технологија која го прави животот многу полесен, ослободувајќи ни време за други поважни работи.

Штофовите се еколошки, можат да се перат во машина за алишта на соодветна температура, едноставни се за одржување, трајни се.

Пункт Мебел исто така е препознатлив и по модерните кожни гарнитури, изработени од највисока класа на природна кожа, набавена од еминентни италијански кожари, произведени по најсовремена технологија.

Пункт Мебел - Модерни софи кои се чистат само со вода

Сите модели имаат квалитетен сунѓер со различна густина овозможувајќи удобност и трајност на формата. Во нив е вградена букова конструкција која овозможува долготрајност и издржливост на мебелот, а дури и најситните материјали мора да се од највисок квалитет набавени од познати светски и европски добавувачи.

Парчињата мебел се најубавите украси во домот, создаваат препознатливост, оставаат личен печат. Токму затоа при изборот на мебел не треба да ги спуштаме критериумите, не треба да правиме компромиси, туку напротив да го одбереме најдоброто за нас. Да избереме мебел на кој ќе бидеме горди, и кој со секое гледање уште повеќе ќе не освојува. Кој ќе биде лесен за одржување.

Пункт Мебел - Модерни софи кои се чистат само со вода

А за да изборот не претставува тешкотија, тука е стручниот тим на Пункт Мебел кој ќе ви помогне со совети како идеално да го дизајнирате и опремите вашиот дом.

Пункт Мебел е извозно орентирана компанија која околу 75% од целокупниот производствен капацитет го пласира на меѓународен пазар. Од тоа најголеми пазари и држави во кои ги пласира своите производи се: Швајцарија, Германија, Англија, Косово,Србија, Хрватска, САД, Романија, Словачка и Холандија. Покрај редовниот извоз во овие држави компанијата изведува меѓународни проекти за разни деловни објекти, згради, апартмани и хотели. Пред извесно време се заврши проект во Грција и моментално се работи на друг за Бахраин.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Остави коментар