Поранешните „Славејчиња“ со кроасаните 4U се присетија на заедничките настапи

„Еднаш славејче, засекогаш славејче“ е реченицата која ја знаат и повторуваат сите поранешни и сегашни членови на хорчето на еден од најстарите детски фестивали во земјава „Златно славејче“. Четириесет и седмото издание на манифестацијата се одржа од 16 до 18 ноември во салата „Борис Трајковски“ во Скопје и годинава беа изведени 17 нови песнички. Еден ден по завршувањето на фестивалот се случи и интересна дружба – 15-ина поранешни „славејчиња“ се собраа на кафе и вкусни кроасани 4U за да се присетат на деновите кога настапувале, но и кога учеле кои се вистинските вредности во животот.

(1) poraneshnite-slavejchinja-so-kroasanite-4u-se-prisetija-na-zaednichkite-nastapi-www.kafepauza.mk

Иницијатор на дружбата беше Татјана Танева од фабриката „Жито пром“ во Гевгелија која веќе втора година по ред е спонзор на „Златно славејче“. Слатка радост за децата кои годинава присуствуваа на фестивалот беа нивните кроасани 4U со вкус на какао, јагода, ванила и кајсија и со мешаните вкусови на какао и ванила и вишна и ванила.

„Иако сме спонзори на фестивалот, мојата врска со ‘Златно славејче’ е повеќе емотивна и приватна отколку професионална. Долг период бев дел од хорот на фестивалот и таму запознав прекрасни луѓе со кои и денес сум во контакт. Научив што е другарство и голема заслуга за тоа каков човек сум денес има периодот што го поминав како ‘славејче’. Сметам дека е важно да се сретнуваме за да се присетиме на тие денови и на сето тоа што значи фестивалот за сите нас. Минатата година направивме прва средба од ваков тип, ова е втор пат и се надевам дека ќе прерасне во традиционална“, појаснува Танева.

На годинешното издание на фестивалот децата ги забавуваше и новата маскота на вкусните кроасани 4U која засега го носи името господин Кроасан. Но, Татјана најавува дека воплан е да се отвори и натпревар каде деца од цела Македонија ќе даваат предлози за тоа како би требало да се вика маскотата.

(2) poraneshnite-slavejchinja-so-kroasanite-4u-se-prisetija-na-zaednichkite-nastapi-www.kafepauza.mk

„Сакавме да направиме и нешто поинтересно каде ќе ги инволвираме и децата па поставивме голема табла за боење каде секое детенце што присуствуваше на фестивалот можеше да обои дел од нејзе по сопствена инспирација, поточно да остави свој печат. Се уште размислуваме каде би го ставиле ова уметничко дело, но најверојатно тоа ќе биде во просториите на нашата фабрика ‘Жито пром’ во Гевгелија“, посочува Танева.

Кроасаните 4U може да се најдат во сите поголеми маркети низ Македонија. Дополнително фабриката има донирано производи за многу манифестации во земјава.

(3) poraneshnite-slavejchinja-so-kroasanite-4u-se-prisetija-na-zaednichkite-nastapi-www.kafepauza.mk

„Сакаме да поддржуваме и да бидеме дел од убави и креативни настани па така бевме дел од конференции на ФЕИТ и БЕСТ, спортски натпревари, хуманитарни акции, студентски мотивациски настани и други активности, така што отворени сме за нови соработки, за нови идеи и акции“, посочува Татјана.

Самиот фестивал „Златно славејче“ има хуманитарна димензија така што секоја година присуствуваат деца од социјално ранливи категории, деца без родители или родителска грижа, деца со пречки во развојот итн.

(4) poraneshnite-slavejchinja-so-kroasanite-4u-se-prisetija-na-zaednichkite-nastapi-www.kafepauza.mk

„Најмалку 1.000 билети се наменети за овие дечиња да дојдат, да присуствуваат и да уживаат на фестивалот. Хуманиот дел ни е на прво место па поради тоа во текот на година многу често настапуваме на различни добротворни настани“, појаснува директорот на „Златно славејче“, Бобан Јосифовски кој исто така присуствуваше на средбата на поранешните „славејчиња“.

По завршување на 47-то издание на „Златното славејче“, Татјана посочува дека планираат и следната година да застанат зад фестивалот и да им овозможат на децата да се насладуваат во вкусните кроасани 4U. Воедно ветува дека и повторно ќе ги собере поранешните „славејчиња“ да се потсетат на убавите денови, патувања и другарувања.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар